Црна хроника
Тројца повредени во сообраќајна несреќа во Скопје
Три лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случила синоќа во Скопје. Како што информира полицијата, во 21.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата Лазар Личеновски се случила сообраќајна незгода помеѓу „опел aстра“, управувана од Е.З. (26) од Скопје, и „фиат стило“, што го возел М.С.(37) од Скопје.
По незгодата со возило на итната медицинска помош М.С. бил пренесен во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“, каде што од страна на лекар констатирани му биле телесни повреди. Возачот Е.З. и сопатничката од истото возило Б.З. (21) од Скопје биле пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што од страна на лекар кај Е.З. биле констатирани телесни повреди, а кај Б.З. биле констатирани тешки телесни повреди. На местото на настанот од страна на екипа од СВР Скопје бил извршен увид и се работи на целосно расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Возел иако имал забрана: уапсен стружанец
Вчера во 09:40 часот на ул. „Пабло Неруда“ во Струга, полициски службеници од ОВР Струга го лишија од слобода А.Ф.(48) од Струга.
При контрола во сообраќајот, полициските службеници, сопреле патничко возило „мерцедес“ со струшки регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки било констатирано дека А.Ф. го управувал возилото и покрај тоа што имал забрана за управување со моторно возило од Б категорија.
По наредба на јавен обвинител, возилото е одземено и по целосно документирање на настанот, против А.Ф. ќе биде поднесена соодветна пријава
Црна хроника
Уапсен охриѓанец: ја претепал сопругата
Синоќа во 22:45 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Д.А.(52) од Охрид.
Полицијата постапила по претходна приајва дека во семејниот дом физички ја нападнал неговата 50-годишна сопруга.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Дете нападнато од врсници во Карпош, едниот снимал со телефон
Вчера во 18:30 часот во СВР Скопје, Ј.Ц.А. (45) од Скопје пријавила дека околу 14:45 часот на подрачјето на Карпош, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од двајца малолетници кои ги познавале, информираат од МВР.
Според пријавата, едниот од напаѓачите го снимал настанот со мобилен телефон.
Од полицијата соопштуваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

