Црна хроника
Тројца приведени по масовна тепачка во Скопје

Три лица се приведени по масовна тепачка пред угостителски објект во Скопје. Како што информира полицијата, изутринава во 2,30 часот пријавено е дека на улицата ,,Пролет“ во Скопје, пред угостителски објект нарушен е јавниот ред и мир со физичка пресметка меѓу Д.Р.(33) и А.Ш. (40) од една страна и Н.С. (24), М.А. (25) и И.Ј. (36) од Скопје од друга страна. Н.С., М.А. и И.Ј. се приведени и задржани во полициска станица за понатамошна постапка. По документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Групна тепачка во Батинци

На 29 август 2025 година, околу 23:30 часот, во село Батинци кај Скопје избила групна тепачка во која учествувале повеќе лица, потврдија од МВР.
Според информациите, поради претходно нарушени меѓусоседски и семејни односи, дојде до физичка пресметка помеѓу две групи жители на Батинци, во која биле употребени тврд предмети и остри оружја.
Во првата група учествувале Ф.С. (27), Е.С. (18), Р.С. (22), С.С. (36) и С.С. (29), сите од Батинци, а во втората М.М. (21), Д.М. (20), Е.М. (22), Г.М. (24), Џ.М. (65), сите од истото село и И.Б. (19) од Тетово.
Од МВР информираат дека увид е извршен и случајот е целосно документиран, а по завршувањето на постапката ќе следуваат соодветни кривични поднесоци против учесниците.
Црна хроника
Четири лица, меѓу кои и деца повредени во сообраќајка во Коњари

На автопатот „Гоце Делчев“, во близина на клучката Коњари, вчера попладне се случила тешка сообраќајна несреќа во која се превртело патничко возило „хонда“ со скопски регистарски таблички, информира МВР.
Несреќата се случила на 30 август, околу 13:15 часот, во правец од Свети Николе кон Скопје. Возилото го управувал 36-годишниот З.Н. од Скопје.
Според информациите, со тешки телесни повреди се здобила малолетна сопатничка, а со телесни повреди се здобиле возачот, неговата сопатничка С.Н. (36) и уште едно малолетно лице. Повредените се пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Извршен е увид од екипа на СВР Скопје, а причините за несреќата се испитуваат.
Топ
Притвореник побарал лекарска помош и починал во ќелија во затворот во Шутка

Притвореник од Долно Коњари вчера починал во КПУ Затвор Скопје, информираат од полицијата.
-На 30.08.2025 околу 15:30 часот во СВР Скопје од страна на вработен во КПУ Затвор Скопје е пријавено дека М.П. (54) од Д. Коњари, кој бил во притвор, побарал лекарска помош. Од страна на доктор од Итна медицинска помош во 15:58 часот била констатирана смрт, без траги на насилство, се наведува во соопштението од полицијата.