Црна хроника
Тројца уапсени во Тетово, пронајден кокаин
Полициски службеници на СВР Тетово, вчеравечер, околу 21.40 часот, на улицата Илинденска во Тетово ги лишиле од слобода 29-годишниот Х. Д., 32-годишниот Б. С., 33-годишниот И. А., тројцата од тетовска Мала Речица, затоа што кај нив бил пронајден и одземен кокаин, извести СВР Тетово.
Тие се задржани во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот по што ќе им биде изготвен соодветен поднесок.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Превезувал дрва со возило без регистарски таблички, па се обидел да ги удри и полициските службеници
ОВР Струга поднесе кривична пријава против Н.Т.(37) од селото Мешеишта, општина Дебрца.
Тој се сомничи за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“.
Имено на 02/03.10.2025 во атарот на струшкото село Мислешево, полициски службеници од ОВР Струга го затекнале пријавениот како управува патничко возило „митсубиши паеро“ без регистарски таблички натоварено со огревно дрво без документација.
Притоа, тој се обидел со возилото да ги удри полициските службеници, по што е лишен од слобода.
Црна хроника
На сила ѝ го украл личниот накит: разбојништво во Струшко
Вчера во 17:00 часот во ОВР Струга, полициски службеници од ОВР Струга го лишија од слобода К.Р.(33) од струшкото село Октиси.
Полицијата постапила по претходна пријава дека околу 16:30 часот на улицата „Маршал Тито“ во Струга со употреба на физичка сила ѝ го одзел личниот накит на Е.Ш.(21) од селото Делогожда, струшко.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија надлежните.
Црна хроника
Уапсени возачи во Делчево, Тетово, Кривопаланечко, на автопатот Скопје – Штип и на патот Тетово – Гостивар, возеле пијани и со многу поголема брзина од дозволеното
Вчера во 08:30 часот на експресен пат Куманово – Крива Паланка, кај село Ранковце, полициски службеници од ОВР Крива Паланка го лишија од слобода С.Ѓ.(36) од Крива Паланка. При контрола во сообраќајот со радар, полициските службеници констатираа дека управувал патничко возило „мерцедес“ со кривопаланечки регистарски ознаки со брзина од 171 километри на час на место каде со сообраќаен знак максимално дозволената брзина е ограничена на 80 километри на час.
Вчера во 22:35 часот на ул.„Индустриска“ во Делчево, полициски службеници од ОВР Делчево го лишија од слобода Д.Д.(40) од Македонска Каменица. Претходно, тој со патничко возило „опел“ со регистарски ознаки македонска каменица, кое го управувал, излетал од коловозот, а по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,59 промили алкохол во крвта.
Вчера околу 16:00 часот на автопатот Штип-Скопје, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода Д.Ј.(48) од Скопје. Претходно, тој со патничко возило „фиат пунто“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, излетал од коловозот, а по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,95 промили алкохол во крвта.
Вчера во 14:44 часот на крстосница од бул.„Видое Смилевски Бато“ со ул.„Фуштанска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово лишија од слобода 16-годишник од Тетово. При контрола во сообраќајот со радар, констатирано е дека тој управувал патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки со брзина од 124 километри на час, односно 74 километри на час повеќе од дозволеното.
Вчера во 11:55 часот на патот Тетово-Гостивар, на наплатна рампа Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода М.К.(24) од Албанија. При контрола во сообраќајот со радар е констатирано дека тој управувал патничко возило „бмв“ со албански национални ознаки со брзина од 161 километри на час на место каде со сообраќаен знак максимално дозволената брзина е ограничена на 80 километри на час.
Исто така, вчера во 13:30 часот на патот Тетово-Гостивар, на наплатна рампа Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода М.С.(34) од Охрид. При контрола во сообраќајот со радар е констатирано дека тој управувал патничко возило „мерцедес“ со охридски регистарски ознаки со брзина од 154 километри на час на место каде со сообраќаен знак максимално дозволена брзина е ограничена на 80 километри на час.
По целосно документирање на настаните, против нив ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

