Црна хроника
Тројца 20-годишници се шетале со ножеви во Скопје

Полицијата пронајде ножеви кај три лица на возраст од 20-ина години, кои се шетале низ Скопје.
Според информациите на МВР, вчера, во 16.40 часот, на улицата Св. Климент Охридски во Скопје, при преглед кај Р. А. (21) од Сингелиќ, Скопско, и Ф. А. (23) од Грушино, Скопско, полициски службеници пронашле и одзеле по еден нож.
Исто така, околу 18 часот полициски службеници го привеле З. П. (21) од Скопје затоа што при преглед кај него бил пронајден и одземен нож.
По документирање на случајот, против лицата ќе бидат поднесени пријави.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Лице во Арачиново со пиштол им се заканувалo на вработени во ЕВН

Вчера во 11.10 часот од Полициското одделение Арачиново било пријавено дека едно лице со пиштол му се заканувало на С.Ц.(55) од Скопје и уште тројца негови колеги, сите вработени во ЕВН Македонија, додека извршувале работни задачи.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Загина работник во Кисела Вода

Вчера во 09.12 часот во СВР Скопје, од Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен С.С.(55) од с.Черкези, кумановско, кој подоцна починал.
Според пријавеното, при извршување градежни работи, тој паднал од објект во изградба на подрачјето на Кисела Вода.
Увид бил извршен и се работи на расчистување на случајот.
Црна хроника
Починал затвореник во затворот Идризово

Вчера во 16.20 часот во СВР Скопје, по пријава од КПУ Затвор Идризово било пријавено дека починал 44-годишниот Џ.Х од Кичево.
Како што информираат од МВР лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.