Црна хроника
Турчин баран од Интерпол уапсен на преминот Долно Блаце
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2017/10/lisici.jpg)
На граничниот премин Долно Блаце при влез во земјава, во попладневните часови на 9 октомври бил уапсен 37-годишен турски државјанин.
Како што информираат од МВР, при извршената гранична контрола било констатирано дека тој е на листата „апси“, по барање на МВР-СМПС-Интерпол.
Турчинот бил предаден во полициската станица Чаир за понатамошна постапка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Црна хроника
Врата падна врз осумгодишно дете во станица за технички преглед во Тетово, тешко е повредено
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/04/342025459_587640746653309_1573256149671935991_n.jpg)
Вчера во СВР Тетово било пријавено дека околу 14 часот и 10 минути во кругот на станица за технички преглед во Тетово, 8-годишник од Тетово се играл и ја влечел влезната врата, која притоа се откачила од шините и паднала врз него.
Детето се здобило со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Тетово.
За настанот бил известен и јавен обвинител.
Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово.
Црна хроника
Приведени двајца крадци од Тетово и тетовско, пронајдени повеќе украдени предмети
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/10/kradec-1.jpg)
Вчера во 14.00 часот, поради основано сомнение дека се извршители на повеќе кривични дела „кражба“ и „тешка кражба“ по член 235 и член 236 од Кривичниот законик, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода 23-годишниот З.Џ. од село Желино, тетовско и 47-годишниот А.А. од Тетово.
При претреси во нивните домови и помошни простории во село Желино, Тетово и во село Озормиште, извршени со судска наредба, биле пронајдени предмети, разновиден алат и машини за домаќинство за кои постои сомнение дека потекнуваат од над 10 кражби и тешки кражби извршени во куќи, објекти и плацеви на подрачјето на општина Желино.
Предметите биле одземени и ќе им бидат вратени на сопствениците. З.Џ. и А.А. биле задржани во полициска станица и по документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
Топ
(Видео) Уапсена 22-годишна скопјанка: при претрес во нејзиниот дом пронајдена марихуана
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/droga-m.jpg)
Вчера во 22.40 часот на подрачјето на Чаир, полициски службеници од СВР Скопје ја лишиле од слобода 22-годишната В.К. од Скопје.
При претрес во нејзиниот дом и други простории, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени три ќеси со марихуана и еден куршум.
По целосно документирање на случајот, против неа ќе следува кривична пријава по брза постапка по член 215 од Кривичниот законик.