Црна хроника
Уапсена Турчинка, нападнала полицаец на скопскиот аеродром

Вчера на Граничен премин „Меѓународен аеродром Скопје“, полициски службеници ја лишиле од слобода 36-годишната Е.Б. од Република Турција затоа што околу 19.00 часот го нарушила јавниот ред и мир и физички нападнала полициски службеник кој извршувал службени дејствија, извести МВР.
Лицето било спроведено во Полициското одделение Петровец за понатамошна постапка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Родител пријавил наставничка дека натепала повеќе ученички во соблекувална во скопско училиште

Родител пријавил во МВР напад извршен од страна наставничка во скопско основно училиште.
Според пријавата, таа во текот на вчерашниот ден, во соблекувална во училиштето кое се наоѓа на Бит Пазар, за време на час по физичко воспитување, ја нападнала неговата ќерка и неколку нејзини соученички.
Меѓудругото, во пријавата се наведува и дека наставничката зад која стојат иницијалите Е.Ј. употребила и дрвен предмет.
Од полицијата преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Наставничка во основно училиште во Скопје нападната од родителите на нејзината ученичка

Наставничка од основно училиште во Шуто Оризари пријавила дека во текот на вчерашниот ден била нападната од страна на родителите на нејзина ученичка.
МВР во полицискиот билтен, за случајот, информира дека 48-годишната наставничка била нападната од родителите во училницата во која држела час, а подоцна и во канцеларијата на педагогот.
Од полицијата велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Дете нападнато од соученик во основно училиште во Скопје

Дете било нападнато од страна на негов соученик во основно училиште во Чаир.
Случајот бил пријавен од мајката на нападнатото момче.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.