Црна хроника
Уапсени двајца тетовци во чиј „голф“ бил пронајден кокаин
Во вечерните часови на 26 ноември, во непосредна близина на наплатната станица „Желино“, полициски службеници на СВР Tетово ги уапсиле М. Ј. (43) и Ф. И. (33), двајцата од тетовското село Слатино.
Како што информираат од МВР, при преглед на автомобилот „фолксфаген голф“, со кој се превезувале двајцата тетовци, пронајден бил кокаин.
Двајцата се задржани во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот по што ќе им биде изготвен соодветен поднесок.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Tетовка тешко повредена во сообраќајна несреќа
Вчера во полицијата било пријавено дека на крстосницата меѓу булевар „Илинденска“ и улицата „Браќа Миладинови“ во Тетово, автомобил „фолксваген туран“ со тетовски регистарски ознаки, управуван од А.И. (54) од Тетово, удрил во 57-годишната Х.Ќ. од Тетово.
Во несреќата жената се здобила со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Клиничката болница во Тетово.
Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово.
Црна хроника
Кривична пријава против 26-годишно момче од Тетово за демнење
Полицијата поднесе кривична пријава против 26-годишно момче од Тетово за демнење.
„СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ф.Ш.(26) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „демнење“. На 29.05.2025, 21-годишна девојка од Тетово пријавила дека пријавениот ја вознемирувал и прогонувал“, информира МВР.
Црна хроника
Ограбени малолетници во Градски парк, напаѓачите им се заканиле со остар предмет
Вчера во 19:00 часот во СВР Скопје, И.М.(55) од Скопје пријавил дека во Градскиот парк во Скопје неговата ќерка и нејзин другар биле нападнати и ограбени.
Според информациите на МВР, две лица со закана со остар предмет украле пари на неговата 13-годишна ќерка, а потоа едно од лицата физички го нападнало нејзиниот 14-годишен другар, кој бил со неа.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

