Топ
Уапсени корисници на хероин и нивниот дилер од Богданци
На регионалниот пат Гевгелија – Богданци, во претпладневните часови на 23 мaрт, полицијата уапсила три лица – Н.М.(33) и И.М.(48) од Гевгелија и Ѓ.Т.(46) од Богданци.
Како што информираат од МВР, при контрола кај Н.М. и И.М. бил пронајден и одземен хероин, кој претходно го набавиле во Богданци, додека по обезбедена судска наредба, при претрес на куќа во Богданци, која ја користел Ѓ.Т., биле пронајдени и одземени хероин, две дигитални ваги со остатоци од хероин, марихуана, 37 семки од канабис, пари за кои постои сомнение дека потекнуваат од извршеното кривично дело, разни предмети со остатоци од хероин и средства за употреба на дрога.
Лицата се приведени во полициска станица, а во координација со Јавен обвинител, по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени кривични пријави.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Две деца, момче и девојче донесени во бессознание, пиеле алкохол во дискотека во Гостивар
Во текот на ноќта во два одделни случаи малолетници биле донесени во бессознание по консумирање алкохол во дискотека во Гостивар. Според информациите од Ургентниот центар во Гостивар, се работи за малолетна девојка и малолетно момче.
Во 00:55 часот, од Ургентниот центар во Гостивар било пријавено дека малолетна девојка била донесена во бессознание.
Според првичните информации, таа претходно консумирала алкохол во дискотека во Гостивар. Речиси три часа подоцна од Ургентен центар Гостивар повторно било пријавено дека е донесен малолетник во бессознание, по истата причина – консумирање алкохол во дискотека.
Полицијата во двата случаи презема мерки за расчистување.
Топ
Тешка сообраќајка на „Илинденска“ во Скопје, возач со автомобил удри во канделабра
Скопјанец се здобил со тешки повреди откако со возило удрил во канделабра. Како што информираат од МВР синоќа во 23:30 часот во СВР – Скопје било пријавено дека на булевар „Илинден“, патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.С., на возраст од 25 години, удрило во метална канделабра.
Во несреќата, Ф.С. се здобил со тешки телесни повреди, додека сопатничката Л.Д., на возраст од 34 години од село Радолишта, струшко, се здобила со телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР – Скопје.
Македонија
Зимските ски-центри под лупа на АХВ, утврдени се неправилности кај еден оператор
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) во петокот спроведе вонредни контроли во угостителските објекти и објектите за малопродажба во зимските туристички центри.
Како што соопшти АХВ, контролирани беа вкупно 18 оператори со храна во скијачките рекреативни центри Попова Шапка, Маврово, Пониква, Крушево, Пелистер и во Михајлово.
-Инспекциските служби на Агенцијата утврдија недоследност во работењето само кај еден оператор, односно истиот не бил регистриран во АХВ како оператор со храна. За констатираната недоследност изречена е парична казна и даден е налог за итна регистрација, стои во соопштението на АХВ.
Кај другите контролирани оператори со храна, како што додаваат оттаму, не се утврдени отстапувања од законските прописи за безбедноста на храната.