Црна хроника
Уапсени мажи во Струга и Дебарско, возеле пијани, а дебранецот предизвикал и сообраќајна незгода
Ноќеска, во 1.33 часот, на регионалниот пат граничен премин Блато -Дебар, кај местото наречено Шуланска Раскрсница, полициски службеници од ОВР Дебар го лишија од слобода 33-годишниот П. П. од Дебар.
Претходно, на патот се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фолксваген амарок“, со дебарски регистарски ознаки, кое го управувал П. П., и патничко возило „дачија дастер“, сопственост на МВР, и при преземањето мерки по незгодата, констатирано е дека П. П. е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,86 промил алкохол во крвта. Известен е јавен обвинител и по негова наредба лицето е лишено од слобода.
Вчера, во 15.20 часот, на улицата Боро Хаџиески-Путе во Струга, полициски службеници од ОВР Струга го лишија од слобода 50-годишниот С. М. од село Франгово, Струшко. При контрола во патниот сообраќај полициските службеници сопреле патничко возило „мерцедес“, со струшки регистарски ознаки, кое го управувал, и по преземените мерки, констатирано е дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,64 промил алкохол во крвта по што бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.
По целосно документирање на настаните, против нив ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик за безобѕирно управување со моторно возило.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Малолетник тешко повреден во сообраќајка на патот Прилеп–Македонски Брод
Ноќеска во 02:00 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на патот Прилеп–Македонски Брод се случила сообраќајна несреќа помеѓу две патнички возила.
Според информациите, несреќата се случила меѓу „ауди“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Ф.И. од село Дебреште, и „бмв“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Е.Ш. од истото село.
По несреќата, 17-годишен сопатник од возилото „ауди“ бил пренесен во Градска општа болница Прилеп, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од ОВР Македонски Брод.
Се работи на целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Пријавени тепачки во Шуто Оризари
Во СВР Скопје било пријавено дека на 24.02.2026 година на подрачјето на Шуто Оризари, по претходна расправија помеѓу двајца малолетници, повеќе лица физички нападнале еден од малолетниците.
Според пријавата, во инцидентот учествувале М.Х. (22), И.Х. (23) и Р.Х. (46).
Подоцна било пријавено и нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу И.З. (54) и Р.З. (36) од една страна, и М.Х. и И.Х. од друга страна, сите од Скопје.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Жена пријавила физички напад од вонбрачен партнер во Драчево
Дваесет и двегодишна жена пријавила во СВР Скопје дека била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер.
Според пријавата, на 27.02.2026 година околу 12:00 часот, во дом на подрачјето на Драчево, таа била нападната од С.С. (22) од Скопје. Случајот бил пријавен во полиција во 16:30 часот истиот ден.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

