Црна хроника
Уапсени малолетници при кражба во Штип
Полициски службеници од СВР Штип лишиле од слобода две малолетни лица на возраст од 16 и 17 години, кои на ул. Вера Циривири биле затекнати при вршење на кривично дело кражба од патничко возило „застава“, сопственост на М.Б.(65) од Штип.
Исто така, малолетниците се осомничени дека сториле кривично дело тешка кражба извршена на 1.5.2020 околу 17:30 часот во куќа на ул. Иво Лола Рибар во Штип, сопственост на К.М.(73) од Штип, од каде бил одземен златен накит и кривично дело кражба извршена на 1.5.2020 околу 18:00 часот од куќа на ул. Деветнаесетта бригада, сопственост на Б.Ш.М.(50) од Штип. Од страна на полициски службеници украдените предмети се вратени на оштетените граѓани. По комплетирање на случаите, против сторителите ќе биде поднесена кривична пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тешка кражба во барака на „Паркови и зеленило“: украдени неколку парчиња огнено оружје
Вчера околу 09:00 часот во СВР Скопје, од Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ во Скопје е пријавено дека во периодот од 02.01.2026 до 05.01.2026 во барака на подрачјето на Карпош, сопственост на Јавното претпријатие, со употреба на физичка сила и алат е извршена тешка кражба, при што од сефот биле одземени неколку парчиња на огнено оружје, кои биле користени од Службата за обезбедување на јавното претпријатие.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Семејно насилство во скопско: жената го истепала сопругот
Вчера полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со двајца сопружници од скопско, постапувајќи по претходна пријава од 37-годишен маж дека на 01.01.2026 во семејниот дом во скопско, по претходна расправија, бил нападнат од неговата 33-годишна сопруга.
По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.
Црна хроника
20-годишник од Скопје нападнат и ограбен во Аеродром
Вчера во 10:10 часот во СВР Скопје, 20-годишниот Д.Ј. од Скопје пријави дека на 01.01.2026 околу 02:00 часот на паркинг простор во близина на угостителски објект на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, бил физички нападнат од едно лице, кое исто така му го одзело часовникот.
По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

