Црна хроника
Уапсени тројца возачи од Тетово и Кавадарци: управувале возила под дејство на алкохол
Синоќа во 21.50 часот на патот Гостивар-Тетово, кај наплатна станица Тетово, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишиле од слобода В.Б.(65) од с.Лисец тетовско, кој управувал товарно возило ,,Фиат Добло“ со тетовски регистерски таблици под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2.06% промили алкохол во крвта.
Утрово во 04.10 часот на улица „Илинденска“ во Тетово, од слобода бил лишен и Ф.И.(34) од Тетово, кој управувал патничко возило „бмв“ со тетовски регистарски таблички под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1.67% промили алкохол во крвта.
На експресниот пат Градско-Прилеп утрово во 00.30 часот полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишија од слобода Д.С.(47) од Прилеп.
При сообраќајна контрола, полициски службеници сопреле патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки констатирано е дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1.88 промили алкохол во крвта и го управувал возилото пред да се стекне со право на управување со моторно возило.
Д.С. е задржан во полициска станица и известен е јавен обвинител.
По документирање на настаните, против нив ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Дете нападнато од врсници во Карпош, едниот снимал со телефон
Вчера во 18:30 часот во СВР Скопје, Ј.Ц.А. (45) од Скопје пријавила дека околу 14:45 часот на подрачјето на Карпош, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од двајца малолетници кои ги познавале, информираат од МВР.
Според пријавата, едниот од напаѓачите го снимал настанот со мобилен телефон.
Од полицијата соопштуваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Приведен 15-годишен кумановец поради кражба на автомобил и приватни имоти
На 23 февруари 2026 година во 11:10 часот, полициски службеници од СВР Куманово лишиле од слобода 15-годишник од Куманово, информираат од МВР.
Според полицијата, тој одзел паркирано патничко моторно возило „форд ескорт“, сопственост на Р.Ј. (25) од Куманово. Дополнително, се сомничи дека влегол во два приватни имоти и одзел повеќе предмети.
Малолетникот бил приведен во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
Фото: илустрација
Црна хроника
14-годишно дете возејќи автомобил во Дебреште удрило во бетонски столб, повреден е и неговиот малолетен сопатник
Синоќа во полицијата било пријавено дека во село Дебреште, општина Долнени, патничко возило „опел“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од 14-годишен малолетник од селото, удрило во бетонски столб, соопшти МВР.
Во несреќата, 14-годишен сопатник од Дебреште се здобил со тешки телесни повреди, додека возачот и 16-годишен сопатник се здобиле со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница Прилеп.
Увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Прилеп.

