Црна хроника
Уапсен извршител на повеќе кражби во Теарце
Вчера околу 17:15 часот на регионалниот пат Тетово – Jажинце, во близина на тетовско Џепчиште, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода Ј.Х.(40) од с.Џепчиште, поради постоење основи на сомнение дека извршил повеќе кражби и оштетувања во реонот на Теарце. Против Ј.Х. ќе биде поднесен соодветен поднесок, информира полицијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Уапсени двајца мажи во Велес и Неготино, возеле под дејство на алкохол
Вчера во 16:40 часот, на регионален пат Штип-Велес, во близина на крстоцница кај село Мамутчево, велешко, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода 34-годишниот В.М. од село Иванковци, велешко.
При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници констатирале дека управувал патничко возило „фолксваген голф“ со велешки регистарски ознаки под дејство на алкохол, односно измерени му се 2,84 промили алкохол во крвта.
Исто така вчера, во 10:00 часот на улица „Маршал Тито“ во Неготино, полициски службеници од ОВР Неготино го лишија од слобода 54-годишниот Ѓ.С. од Кавадарци. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници констатирале дека управувал патничко возило „фолксваген кеди“ со кавадаречки регистарски ознаки под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,90 промили алкохол во крвта.
Тие се задржани во полициска станица, известен е јавен обвинител и по целосно документирање на настаните, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
Топ
(Фото) 30-дневен притвор за скопјанецот кој со пиштол крадеше во филијали за брзи кредити
Вчера во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода 25-годишниот Б.А. од Скопје. Тој се сомничи дека на 15.08. и 18.08.2025 извршил разбојништва во две подружници на финансиски друштва на подрачјето на ЕВР Центар и Бит Пазар, односно дека со закана со пиштол одзел пари.
Лицето е задржано во полициска станица и во службен разговор ги признал делата.

Во координација со јавен обвинител, против него е поднесена кривична пријава по итна постапка, а судија на претходна постапка му определи мерка притвор од 30 дена.
Црна хроника
Пронајдена автоматска пушка во скопско, уапсени две лица
Пронајдена автоматска пушка во автомобил на патот од Арачиново кон Брњарци, уапсени се две лица.
Според информациите на МВР, вчера во 16:20 часот на локален пат од село Арачиново кон село Брњарци, скопско, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција ги лишија од слобода Ќ.И. (33) од Куманово и Е.И. (65) од с. Грушино.
При преглед на патничко возило „ауди“, кое го управувал Ќ.И., а Е.И. бил сопатник, пронајдена е автоматска пушка и една рамка за пушката.
Лицата се лишени од слобода и против нив ќе биде поднесена кривична пријава.

