Црна хроника
Уапсен крадец во Куманово: признал дека крадел од приватни имоти

Вчера во 05.30 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода А.З. (45) од Куманово.
Тој бил затекнат при обид да одземе предмети од приватен имот на улицата „Бранко Богдански Гуцман“ во Куманово, а исто така се сомничи дека извршил и уште две кражби од приватни имоти.
А.З. e приведен во полициска станица, каде ги признал делата и по целосно документирање на случаите против него ќе следува соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Лишен од слобода дилер во Скопје, пронајден кокаин

СВР Скопје поднесе кривична пријава против К.П.(30) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ по чл.215 од КЗ.
Како што информира МВР, на 10.07.2025 во 22.10 часот, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода К.П.(30) од Скопје, затоа што при преглед кај него била пронајдена бела прашкаста материја, а по извршеното вештачење констатирано е дека станува збор за кокаин со нето маса 46,56 грама. Со К.П. бил извршен службен разговор, а од страна на судија на претходна постапка одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена.
Црна хроника
Пијан возач фатен во Кавадарци

Полицијата синоќа во 23.50 часот на улица „7 Септември“ во Кавадарци го лишила од слобода Г.Т.(49) од Кавадарци. При сообраќајна контрола било сопрено патничко возило мерцедес со кавадаречки регистарски ознаки, што го управувал Г.Т.. По преземените мерки, констатирано е дека лицето го управувало возилото под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1.74 промили алкохол во крвта.
Г.Т. исто така му ја туркал раката на полициски службеник со цел да го спречи да преземе службени дејства. Г.Т. е задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настаните, против него ќе бидат поднесени пријави по член 297-а и член 382 од Кривичниот законик за „безобѕирно управување со моторно возило“ и „спречување службено лице во вршење службено дејствие“.
Црна хроника
Хашиш најден во Струмица

МВР информира дека вчера во 16.45 часот во Струмица полициски службеници го лишиле од слобода Р.П.(37) од Струмица во чиј дом бил пронајден хашиш.
-При претрес на неговиот дом, извршен со судска наредба, бил пронајден хашиш, дигитална вага и дробилка, а при личен претрес на Р.П. било пронајдено полиетиленско ќесе со хашиш. Лицето било задржано во Полициската станица Струмица, а за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, наведува МВР.
По документирање на случајот, против Р.П. ќе биде поднесена соодветна пријава.