Црна хроника
Уапсен крадец во Куманово

Вчера во 16.10 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода 26-годишниот Л.Ш. од Куманово. Тој се сомничи дека на 10.03.2025 од тезга на пазар на ул.„Иво Лола Рибар“ во Куманово одзел пари.
Л.Ш. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Прегазена 18-годишна девојка во Тетово: жената што го управувала возилото побегнала

Вчера во 18.50 часот во СВР Тетово било пријавено дека на крстосница од ул.„Борис Кидрич“ со ул.„Благоја Тоска“ во Тетово, патничко возило, управувано од женско лице, удрило во А.З.(18) од Тетово и го напуштило местото на настанот.
Во несреќата, А.З. се здобила со телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Тетово. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Уапсен пијан маж од Охридско

Синоќа во 23.49 часот на магистралниот пат Кичево – Охрид, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода М.Ц. (50) од село Мешеишта, општина Дебрца.
При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „Фолксваген пасат“ со охридски регистарски ознаки, кое го управувал, и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,53 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297 – а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, соопшти МВР.
Црна хроника
827 санкции за сообраќајни прекршоци во текот на вчерашниот ден

Во текот на вчерашниот ден од вкупно изречените 827 платни налози од страна на полициските службеници во рамки на опфатните сообраќајни контроли на патиштата низ земјата, после подолг период прекршоците од делот на неправилно паркирање и непридржување до пропишаната брзина на движење, статистички се симнати од врвот за сметка од вчера изречените 209 прекршоци што ги сториле пешаците, соопшти МВР.
По основ на неправилно паркирање и непридржување до пропишаната брзина на движење согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата вчера биле изречени 203, односно само 52 прекршоци. Исто така евидентиран е и зголемен број на прекршоци по основ на неносење сигурносен појас – 82, потоа 13 учесници во сообраќајот се казнети заради неносење заштитен шлем а 35 возачи заради говорење на мобилен телефон при возење.
Покрај ова вчера петмина возачи минале на црвено светло, шестмина управувале под дејство на алкохол, 69 возачи управувале возила без возачки дозволи, а пак следствено одредбите од Законот за возила – 10 возила се исклучени од сообраќај заради техничка неисправност, а 16 возила затоа што не биле со валидна регистрација.