Црна хроника
Уапсен криумчар на мигранти

На 30.12.2022 во 10.50 часот на клучка Прдејци, на автопатот Скопје – Гевгелија, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица го лишиле од слобода Џ.К.(51) од Косово.
При контрола во возило „фиат типо“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на рент-а-кар агенција, кое тој го управувал, биле пронајдени пет лица – мигранти од Индија.
Џ.К. е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со Јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Удрил во метален столб, а потоа прегазил пешаци: загина охриѓанка, возачот уапсен

Вчера во 22.30 часот во СВР Охрид било пријавено дека на кружен тек од булеварот „Туристичка“ со улицата „Јане Сандански“ во Охрид, патничко возило „фолксваген голф“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 22-годишниот И.С. од село Пашино Рувци, прилепско, со престој во Охрид, удрило во метален столб, а потоа и во пешаците 44-годишната А.Б. од Охрид и 52-годишниот Д.П. од Скопје.
Од здобиените повреди А.Б. починала во Специјалната болница „Св.Еразмо“, а лекар констатирал смрт.
Со тешки телесни повреди се здобил Д.П., додека со телесни повреди се здобиле возачот И.С. и неговиот сопатник, 19-годишниот К.М., констатирани во болницата „Св.Еразмо“ и во Општата болница Охрид.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид, а по наредба на Јавен обвинител, И.С. бил лишен од слобода поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 300 став 2 од Кривичниот законик.
Црна хроника
Уапсен возач во Македонска Каменица, возел под дејство на алкохол

Денеска во 00.40 часот на улицата „Осоговска“ во Македонска Каменица, полициски службеници од Полициското одделение Македонска Каменица го лишиле од слобода 43-годишниот И.И. од село Косевица, општина Македонска Каменица.
При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило, кое го управувал, и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека му биле измерени 2,06 промили алкохол во организмот.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
Црна хроника
Кавадарчанец си го реновирал домот и во ѕидот нашол експлозив и фитиљ

Триесет и деветгодишен кавадарчанец нашол експлозив реновирајќи го својот дом.
Според информациите од МВР, Н.М. во внатрешноста на ѕидот нашол 18 парчиња стар експлозив и две парчиња стар фитиљ.
Пиротехничар од Дирекција за заштита и спасување безбедно ги подигнал предметите, а увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Кавадарци.