Црна хроника
Уапсен маж во Прилеп, се обидел да силува малолетничка
Прилепската полиција вчера вечер го уапси Е.Џ.(27) од Прилеп.
Тој е уапсен затоа што се обидел да изврши полово дејствие врз малолетничка од Прилеп.
Уапсениот бил задржано во полициска станица и по координација со јавен обвинител пров него ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Малолетник со метален предмет повредил млад кавадарчанец во Гевгелија
27-годишник бил повреден со метален предмет од страна на малолетник при групна тепачка на градската депонија во Гевгелија.
– На 10.11.2024 во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица лишиле од слобода малолетник од Струмица, постапувајќи по претходна пријава дека при физичка пресметка помеѓу повеќе лица на градската депонија во Гевгелија, тој со метален предмет му нанел повреда на М.А.(27) од Кавадарци, со престој во Гевгелија, информираа од полицијата.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
80-годишен маж ги нападнал сопругата и ќерката
Полициски службеници вчера во 15.25 часот во Скопје, го лишиле од слобода С.К.(80) од Скопје, затоа што околу 14.00 часот во семејниот дом на подрачјето на општина Аеродром физички ги нападнал својата сопруга и 57-годишната ќерка.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Проголтал паковки со дрога кога ја видел полицијата: велешанец пренесен во болница
Вчера во Велес полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес ги лишиле од слобода М.Т.(48) и Ѓ.Д.(39), двајцата од Велес.
Околу 09.00 часот, Ѓ.Д. бил затекнат како му продава две пакувања со кафена прашкаста материја на М.Т., кој пак ги проголтал пакувањата откако ги забележал полициските службеници, по што бил пренесен во болница во Велес.
Подоцна, со судска наредба, бил извршен и претрес во домот на Ѓ.Д., при што биле пронајдени и одземени 14 пакувања со кафена прашкаста материја и пари.
По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против Ѓ.Д. ќе биде поднесена кривична пријава по член 215 од Кривичниот законик – „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори”, соопшти полицијата.