Црна хроника
Уапсен маж од Кумановско, пронајдени пиротехнички средства
Вчера во 12:20 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода З.Д.(58) од село Тромеѓа, кумановско.
Постапувајќи по претходна пријава, полициските службеници извршија преглед на неговото возило „цитроен берлинго“ на ул.„Бранко Богдански Гуцман“, со кое продавал овошје и зеленчук, при што пронајдоа и одзедоа околу 1.100 разновидни пиротехнички срредства.
Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Бил агресивен и искршил куќна ограда: уапсен маж од Струшко
Синоќа во 21 часот, во струшкото село Радожда, лишен од слобода е К.С.(33) од истото село.
Тој бил пријавен дека го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување кон М.М. и неговото семејство и извршил оштетување на нивната куќна ограда.
Полицијата соопшти дека по целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Претрес во Кавадарци, пронајдено оружје и муниција, уапсено едно лице
Вчера вечер во 22:00 часот, во Кавадарци, полициски службеници го уапсија А.М.(38) од Кавадарци. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба од Основен суд Кавадарци, биле пронајдени и одземени гасен пиштол, рамка со куршум, воздушен пиштол, два револвери и 58 куршуми 9 мм, кои ги поседувал без соодветна документација.
Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
(Фото) Претрес во Гостивар, пронајдена дрога, уапсен 34-годишник
Ноќеска во 01:20 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода 34-годишниот Б.Б. од Гостивар, поради основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање на промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори‘‘.

Врз основа на судска наредба, извршен е претрес во дом и помошни простории, сопственост на Б.Б. и при претресот, тој доброволно предал кутија во која имало марихуана.

Б.Б. е задржан во ПС Гостивар и по документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

