Црна хроника
Уапсен маж од Радовиш, превезувал бесправно исечени огревни дрва
Вчеравечер, во 19.35 часот, во Радовиш, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш го лишиле од слобода 37-годишниот Ш. Ш. од Радовиш бидејќи бил затекнат како со товарно возило „форд транзит“, со струмички регистарски ознаки, превезува бесправно исечени огревни дрва, извести МВР.
„Дрвата и возилото биле одземени, а по целосно документирање на случајот, против Ш. Ш. ќе биде изготвена соодветна пријава. Истиот ден во село Долни Липовиќ, општина Конче, полициски службеници од ОВР Радовиш, во координација со вработени од Шумската полиција Радовиш, од Г. Т. (34) од село Долни Липовиќ одзеле бесправно исечени огревни дрва, еден трактор и приколка за трактор, а во дворното место на С. Т. од истото село биле одземени бесправно исечени огревни дрва“, соопшти МВР.
Одземените дрва и тракторот со приколка биле пренесени во кругот на Јавното претпријатие „Национални шуми“, подружница „Плачковица Радовиш“. По документирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Жена од скопско село измамена за 95.400 денари со лажно ветување за стан и вработување
54-годишна жена од скопско село пријавила дека била измамена за сума од 95.400 денари.
Според пријавеното, во текот на изминатата година таа во неколку наврати му исплатила пари на едно лице, кое ѝ ветувало дека ќе ѝ помогне да купи стан во Скопје и да ја вработи нејзината ќерка како цариник.
Како што било пријавено, по извесно време лицето престанало да одговара на нејзините телефонски повици, по што таа сфатила дека била измамена.
Од СВР Скопје информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Тепачка во авион од Германија што слетал на скопскиот аеродром
Тепачка се случила вчера во авион од Германија што слетал на скопскиот аеродром.
Според информациите од МВР, вчера во 17:00 часот во СВР Скопје, од Граничен премин Меѓународен аеродром Скопје е пријавено дека околу 16:40 часот во авион кој слетал од Германија бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Г.Ф.(49) од Германија и 45-годишната Г.Ф. од Скопје од една страна и Ш.С.(38) од с.Лопате, кумановско, од друга страна.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
16-годишник со автомобил удрил во пешак во Скопје
Вчера околу 22:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Македонско- косовска бригада“ во Скопје, патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 16-годишник од Скопје, удрило во пешакот М.И.(57) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје. По целосно дококументирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

