Црна хроника
Уапсен маж од Радовиш: со искрите од апарат за заварување предизвикал пожар на сува трева, кој се проширил и на шумата
Вчера во 14 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица- ОВР Радовиш го лишиле од слобода 45-годишниот Р.И. од Радовиш.
Тој околу 13 часот на место викано „Градска река“, атар на Радовиш, користел апарат за заварување и со искрите предизвикал пожар на сува трева, кој брзо се проширил и зафатил нискостеблеста шума.
По интервенција на Територијалната противпожарна единица Радовиш пожарот бил изгаснат. Запознаен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш, а по документирање на случајот против Р.И. ќе биде поднесен соодветен поднесок.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
24-годишник ја претепал мајка му во Охрид
Денеска (12.11.2025) во 06:35 часот на улица „Јане Сандански“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишија 24-годишник од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека физички ја нападнал неговата 50-годишна мајка.
По целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.
Црна хроника
Ја истепала мајка си: уапсена 35-годишна жена од Охридско
На 11.11.2026 во 20:00 часот во охридско село, полициски службеници од СВР Охрид лишиле 35-годишна жена.
Полицијата постапила по претходна пријава дека таа физички ја нападнала нејзината 62-годишна мајка, при што употребила и тврд предмет.
Според МВР, по целосно документирање на настанот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
12-годишно дете повредено во Центар – напаѓачот му го оштетил велосипедот
Во полицијата е пријавен напад врз 12-годишно дете што се случил на 11 ноември, околу 15:50 часот, во скопската општина Центар.
Според пријавата поднесена од Г.М. (39) од Скопје, неговиот син бил физички нападнат од лицето Б.Љ., кое по нападот со остар предмет му нанело расекотина и му го оштетило велосипедот.
Детето било веднаш пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што му била укажана лекарска помош.
Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на мотивите за нападот.

