Топ
Уапсен маж од Скопско, бил затекнат како пали оган во близина на автопатот Скопје – Тетово

Педесет и деветгодишен маж е уапсен рано утрово поради предизвикување пожар во близина на автопатот Скопје – Тетово.
Според информациите на МВР, околу 08.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопат Скопје – Тетово, после наплатната станица Глумово, едно лице подметнува пожар.
Полициски службеници излегле на местото и го затекнале Р.З.(59) од с.Арнакија, општина Сарај, како потпалува ѓубриште и сува трева во близина на штала со добиток.
Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а лицето било лишено од слобода и приведено во полициска станица.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Јаневска: Државата целосно го финансира учеството на талентираните ученици на меѓународни натпревари

Од оваа година, Министерството за образование и наука целосно ги покрива трошоците за пат и котизација на учениците и нивните ментори кои ќе се квалификуваат на меѓународна научна олимпијада или натпревар, изјави министерката за образование и наука, Весна Јаневска, на конференција организирана од Институтот за хемија при Природно – математичкиот факултет во Скопје, на која беа претставени успесите на македонските ученици и нивните ментори постигнати на меѓународните научни олимпијади по хемија во оваа календарска година.
„Ги следам учествата на сите наши млади на меѓународните натпреварувања и водена од успесите ваши и на генерациите пред вас, ми беше должност да се заложам, а Владата ми даде поддршка и заедно го решивме предизвикот кој се провлекуваше од минатото и го доведуваше во прашање учеството на македонски претставници на големи меѓународни ученички натпреварувања. Од оваа година, Министерството за образование и наука целосно ги покрива трошоците за пат и котизација на учениците и нивните ментори кои ќе се квалификуваат на меѓународна научна олимпијада или натпревар. Поставивме системско решение и повеќе никој нема да има финансиски предизвици за да отпатува и да ја претставува својата земја“, рече Јаневска.
На Меѓународната олимпијада по хемија што годинава се одржа во Дубаи, македонските ученици освоија по еден сребрен и бронзен медал, како и една пофалница, додека на Меѓународната „Менделеев“ олимпијада во Бело Хоризонте во Бразил освоија два бронзени медали.
„Овие деца се дел од таа генерација во која веруваме дека може да донесе подобри времиња. Затоа што го ценат знаењето, постојано да надградуваат, знаат дека науката е столб на просперитетот и што е најважно – имаат натпреварувачки дух и прифаќаат предизвици што мора да се решат за да се стигне до победата“, рече Јаневска.
Изрази уверување дека министерството ќе продолжи да ги унапредува политиките за поддршка на талентираните ученици и студенти, да доделува стипендии, парични награди и да вложува во младите научници.
Топ
Уапсени двајца турски државјани во Скопје, му се заканувале на едно лице дека ќе го убијат ако не му дадат пари

Вчера во 18:40 часот на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници од Единицата за насилен криминал и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, во координација со јавен обвинител, ги лишија од слобода Е.О.(29) и Е.А.(22), двајцата од Република Турција.
Тие се затекнати при примање 40.000 евра од Х.Џ.Ч.(26) од Република Турција, со привремен престој во Скопје, кои претходно се кримтехнички обработени.
Имено, претходно во полициска станица Х.Џ.Ч. пријавил дека неколку дена лицето Б.О. од Република Туција, кој живеее во Обединетите Арапски Емирати, постојано му се заканувал дека ќе го убие ако не му дава пари. Според пријавеното, пред да го пријави настанот во полиција, му се јавил Е.О. и го известил дека парите треба му ги даде нему и дека на договореното место ќе дојде со уште едно лице.
Двајцата се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Свет
(Фото) Голем портрет од Нетанјаху и од Трамп на плажа во Тел Авив: израелскиот премиер како Пинокио

Израелските демонстранти ја искористија средбата меѓу Доналд Трамп и Бенјамин Нетанјаху во Белата куќа за да испратат порака од плажа во Тел Авив, недалеку од американската амбасада. Тие нацртаа голем портрет од двајцата лидери на песокот.
Цртежот ги прикажуваше Трамп и Нетанјаху лице в лице, а Нетанјаху нацртан со издолжен нос како Пинокио.
Под него беше напишано: „Немојте повторно да се излажете“. Инсталацијата ја организираа активисти и семејства на затвореници. Ова не е првпат вакви пораки да се појават на плажите во Тел Авив. Тие станаа еден вид симбол на отпор кон владата на Нетанјаху.
фото: принтскрин