Црна хроника
Уапсен маж од Мала Речица, при претрес во неговиот дом пронајдена дигитална вага со остатоци од бела прашеста материја
Вчера, околу 15.20 часот, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 56-годишниот В. Е. од тетовска Мала Речица, извести СВР Тетово.
„При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена дигитална вага со остатоци од бела прашеста материја“, соопшти СВР Тетово.
Се расчистува и документира случајот по што против него ќе следува соодветен поднесок.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
53-годишник почина по тепачка во Стар Дојран
Синоќа во 22:25 часот во село Сретеново, општина Дојран, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода В.Р.(55) од село Сретеново.
Претходно, во Стар Дојран настанала физичка пресметка помеѓу него и Н.Т.(53) од Богданци, кој се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Медицински центар Гевгелија, каде подоцна починал.
По наредба на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија телото на починатиот е дадено на обдукција.
Лицето, како што соопшти полицијата е задржано во Полициската станица Гевгелија, а во текот на денот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Загина 46-годишен маж од Струмичко: со возилото се превртел на патот
Вчера во 16:35 часот во СВР Струмица е пријавено дека на магистралниот пат Радовиш-Струмица, на место викано „Слобода“, патничко возило „пежо“ со струмички регистарски ознаки, управувано од К.В.(46) од с.Сушево, струмичко, се превртело на коловозот.
Од здобиените повреди на местото на несреќата починал возачот, а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.
Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа на СВР Струмица и по наредба на јавниот обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција, соопшти полицијата.
Топ
Се соблекувал пред малолетнички и ги вознемирувал
31-годишник се соблекувал пред малолетнички информираат од полицијата.
Имено, надворешната канцеларија за криминалистички работи Ресен поднесе кривична пријава против 31-годишник од ресенско село поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „полово вознемирување“.
На 29.09.2025, пријавениот се соблекувал пред две малолетнички и ги вознемирувал.

