Црна хроника
Уапсен маж од Турција, шверцувал мигранти
Денеска во 01.30 часот на локалниот пат Богородица – Стојаково, на место викано „Табла“, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и гранични проверки Богородица го лишиле од слобода 29-годишниот Ј.Т. од Република Турција.
При преглед во возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени осум лица мигранти, од кои три од Сирија, три од Авганистан и две од Ирак.
Мигрантите биле предадени во прифатно – транзитен центар во Гевгелија за понатамошна постапка, а лицето било задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Двајца скопјани искасани од кучиња скитници
Вчера во 12.00 часот во Полициската станица Гази Баба, И.Д.(49) од Скопје пријавил дека на ул.„Разлошка“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
Истиот ден во 11.15 часот во Полициската станица Кисела Вода, Т.Г.(46) од Скопје пријавил дека на ул.„Христо Татарчев“ во Скопје, неговата малолетна ќерка била касната од куче скитник.
Црна хроника
Го стартувал возилото на локалната самоуправа во Кичево, а тоа се запалило
Утрово во 07.08 часот во ОВР Кичево, С.М.(44) од Кичево пријавил дека, откако го стартувал возилото комбео „ивеко“ со кичевски регистарски ознаки, сопственост на локалната самоуправа од Кичево, настанал пожар.
Повредени лица нема, интервенирала Територијалната противпожарна единица од Кичево, а увид на местото извршија полициски екипи, соопштија надлежните.
Црна хроника
Без одобрение си изградил семејна куќа: кривична за охриѓанец
СВР Охрид поднесе кривична пријава против З.С.(53) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Бесправно градење“.
На катарстарска парцела на улица „Беќир Алириза“ во Охрид, спротивно од Законот за градење и без да поседува правосилно одобрение за градење издадено од надлежен државен орган, изградил семејна куќа.
Неправилностите биле констатирани при вонреден инспекциски надзор извршен на 30.10.2024 година од овластен градежен инспектор при одделение за инспекциски надзор при општина Охрид, кога е донесено решение за отстранување на градбата.