Контакт

Црна хроника

Уапсен осуденик, избегал од здравствената установа во Карпош каде што се лекувал

Објавено пред

Денеска во 00.20 часот на подрачјето на Карпош од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје бил лишен од слобода осуденикот 32-годишниот Н.З. од село Студеничани, скопско, поради бегство од здравствена установа на подрачјето на Карпош, во која се лекувал, извести МВР.

dobivaj vesti na viber

Тој бил спроведен во Казнено-поправна установа Идризово.

Црна хроника

Дрвокрадци фатени во Старо Нагоричане, се обиделе да избегаат и прегазат полицајци

Објавено пред

Полициски службеници од СВР Куманово вчера лишиле од слобода две лица од Куманово, откако претходно не им дозволиле да извршат контрола на камион натоварен со огревни дрва,  физички ги нападнале, а потоа се обиделе да ги прегазат со возилото.

dobivaj vesti na viber

Инцидентот, како што информираат од МВР, се случил вчера во 22:30 часот кај село Макреш, Општина Старо Нагоричани.

-На 23.08.2025 во 22:30 часот полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода Т.Ј.(27) и Б.Ј.(46) од Куманово. Имено, во с.Макреш, општина Старо Нагоричане, полициски службеници забележале паркирано товарно возило „мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, натоварено со огревни дрва, до кое биле двете лица. Притоа, Т.Ј. и Б.Ј. не дозволиле на полициските службеници да извршат контрола на возилото, физички ги нападнале кога се обиделе да ги спречат да избегаат од местото, а откако влегле во возилото се обиделе да ги прегазат со возилото поради што полициските службеници испукале неколку предупредувчки куршуми во воздух. По преземени мерки, лицата биле пронајдени, а било пронајдено возилото со дрвата, стои во соопштението од МВР.

По целосно документирање на случајот, против двајцата ќе биде поднесена соодветна пријава.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Кавадарчанец бил удрен со возило во дворот

Објавено пред

Кавадарчанец пријавил во полиција дека бил удрен од возило во неговиот двор.

dobivaj vesti na viber

„Рано утрово во 00:30 часот во ОВР – Кавадарци, Д.Н., 53-годишен кавадарчанец, пријавил дека синоќа околу 22:30 часот во дворот од неговиот дом,  бил удрен од патничко возило, што го управувал Д.С., при што се здобил со повреди“, појаснија од Секторот за внатрешни работи – Велес.

Оттаму потенцираа дека се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

53-годишен пешак од Украина загина кај граничниот премин Долно Блаце

Објавено пред

22-годишната Б.С. од Косово, со живеалиште во Сојузна Република Германија, удрило во пешакот К.М. (53) од Украина, кој подоцна им подлегнал на повредите.

dobivaj vesti na viber

Несреќата се случила вчера околу 18:00 часот, на магистралниот пат Скопје – Граничен премин Долно Блаце кога 22 годишната девојка удрила во 53-годишниот Украинец.

Пешакот се здобил со тешки телесни повреди и веднаш бил пренесен со возило на Итна медицинска помош од Косово во најблиската болница. За жал, во 20:20 часот лекарите констатирале смрт. По наредба на јавен обвинител, телото било дадено на обдукција за да се утврдат точните околности на трагедијата.

Б.С., исто така се здобила со телесни повреди, кои ѝ биле констатирани во приватна болница во Скопје. На местото на несреќата извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа на СВР Скопје, а истрагата е во тек за целосно расчистување на случајот.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион3 часа

Вучиќ најави намалување на цените на јајцата, зеленчукот, овошјето, млечните производи…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, објави денеска дека од идната недела ќе се ограничат маржите во трговските синџири, што ќе...

Свет3 часа

Палестински камерман убиен во појасот Газа

Палестинската новинска агенција (ВАФА) објави дека израелските војници убиле палестински камерман во северниот дел на Појасот Газа. Камерманот Калед ал...

Македонија5 часа

Пратениците се одморија, од утре почнуваат со редовни активности во Собранието

Пратениците од утре официјално почнуваат со работа по годишниот одмор. Претседателот на Собранието, Африм Гаши за утре закажа неформална средба...

Свет7 часа

Зеленски вели дека постои вистинска можност да заврши војната во Украина

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски синоќа најави дека следните денови ќе бидат готови безбедносните гаранции за неговата земја. Тој, по...

Македонија22 часа

Тврдењата на д-р Кедев за операциите во приватните болници ќе ги „чешлаат“ експерти од Словенија, Италија и од Германија

Министерот за здравство, Азир Алиу, најави дека до понеделник ќе биде комплетирана листата со странски експерти кои ќе ја анализираат...

Економија22 часа

Македонија е големо градилиште, над 1.200 проекти во општините, велат Перински и Николоски

Во моментов целата Македонија е едно големо градилиште, а само во општините се реализираат повеќе од 1.200 активни проекти поддржани...

Свет22 часа

(Видео) Украинците тешко ранија руски генерал, Абачев изгуби рака и нога по нападот

Украинските специјални сили објавија видео и детали од операцијата во која рускиот генерал-полковник Еседула Абачев беше тешко ранет, јавува „Украинска...

Скопје1 ден

„4 години работа за тебе“: Скопските градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ ја заокружија четиригодишната мисија

На денешниот настан, Саем-Отчет под мотото „4 години работа за тебе” свое обраќање на панел дискусијата имаа скопските градоначалници. Градоначалникот...

Македонија1 ден

Мицкоски најави промени: По изборите ќе има нови луѓе во партијата и реконструкција на Владата

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на денешниот отчет по повод четиригодишната работа на градоначалниците, порача дека веднаш по локалните избори...

Македонија1 ден

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ за 4 години локална власт ги разочара граѓаните со хаосот и корупцијата во општините

Почетокот на четиригодишниот мандат на ВМРО-ДПМНЕ на локално ниво се оцени како период на разочарувања, нечисти општини, урбанистички хаос и...

Македонија1 ден

Мицкоски на саемот „Четири години работа за тебе“: Делата, а не зборовите ја покажуваат вредноста

На денешниот настан „Саем-Отчет“ под мотото „4 години работа за тебе“, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, имаше свое обраќање пред...

Топ1 ден

Крвава драма во Битола: Со нож го повредил братот на поранешната сопруга, па ја нападна и неа

30-годишен маж од битолското село Лера е уапсен откако со остар предмет нападнал млад битолчанец и ја претепал својата поранешна...

Македонија1 ден

Алиу вети транспарентност, граѓаните ќе знаат кој го помага македонското здравство

Министерството за здравство воведе нов електронски модул за транспарентен преглед на донациите во здравството, со кој јавноста ќе може во...

Свет1 ден

(Видео) Телохранителите на Путин земаат сѐ, дури и урината и изметот на претседателот и го носат во Русија

Обезбедувањето на рускиот претседател Владимир Путин секогаш е предмет на големо внимание на социјалните медиуми од различни причини. Сега, тие...

Македонија1 ден

Попладне дожд и грмежи во западните делови

Денеска времето во земјава ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а попладневните часови носат локален пороен дожд и ретки...

Свет2 дена

(Видео) Автобус со повеќе од 50 туристи излета од пат во САД, има загинати и повредени

Тешка сообраќајна несреќа се случи во американската држава Њујорк. Туристички автобус кој се враќал од Нијагарините водопади кон Њујорк излетал...

Свет2 дена

(Фото) Трамп: Путин сака да дојде на Светското првенство во САД

Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека рускиот претседател Владимир Путин би можел да присуствува на Светското првенство во фудбал...

Топ2 дена

Пронајден возачот кој со автомобил удри во девојчиња на тротинет и побегна од местото на несреќата

Денеска во СВР Скопје бил извршен службен разговор со Ф.Б. од село Света Петка, скопско. На 21.08.2025 во 14:30 часот...

Европа2 дена

Лавров за средбата Зеленски-Путин: Зеленски рече „не“ на сè

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Русија прави сè што може за да спречи средба меѓу него и рускиот...

Македонија2 дена

Дојранското Езеро пак ќе се полни: со соларни панели Владата ќе ги намалува трошоците за струја од 2,5 милиона евра годишно на хидросистемот „Ѓавато“

По неколкугодишен прекин, Дојранското Езеро повторно ќе се полни со свежа вода преку хидросистемот „Ѓавато“. Премиерот Христијан Мицкоски денес од...