Црна хроника
Уапсен разбојник кој ограбил три продавници во трговски центар во Карпош
Во вечерните часови на 14 јануари полицајци од полициската станица Карпош го уапсиле 41-годишниот М.Р. од Скопје, поради тоа што извршил три тешки кражби во продажни објекти во трговски центар на подрачјето на Карпош.
Како што информираат од МВР, украдените предмети му биле одземени, а тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава за тешка кражба.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Приведен велешанец поради напад врз колешка во здравствена установа – ја заклучил, кршел, се заканувал
На 27 октомври 2025 година, околу 15:30 часот, полициски службеници од СВР Велес го приведоа 31-годишниот М.П. од овој град, по претходна пријава од 55-годишна велешанка.
Според пријавата, на своето работно место во здравствена установа во Велес, осомничениот ја заклучил жената во една од просториите, кршел предмети, физички ја нападнал, ѝ се заканувал со остар предмет, па ја испрскал во очите со средство за чистење.
Тој е задржан во полициска станица, а за случајот е известен јавен обвинител. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
91-годишна жена тешко повредена во сообраќаја несреќа
Во полицијата е пријавено дека на магистралниот пат Кичево-Гостивар, патничко возило „фиат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.С.(63) од Скопје, излетало надвор од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила неговата сопатничка Д.С.(91) од Скопје, констатирани во Медицинскиот центар во Гостивар.
Извршен бил увид.
Црна хроника
Уапсени возачи од Битола, од Делчевско и од Кочани, возеле пијани
Вчера во 21:13 часот на ул.„Солунска“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода Н.Л.(42) од Битола. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген пасат” со битолски регистарски ознаки, управуван од Н.Л. при што е констатирано дека возилото го управувал со 2,99 промили алкохол во организмот.
На 28.10.2025 во 00:55 часот во ОВР Делчево е пријавено дека во село Габрово, делчевско, патничко возило „опел“ со бугарски национални ознаки, управувано од О.З.(55) од с.Габрово, удрило во ограда не негов сосед. При преземање мерки во врска со незгодата констатирано е дека тој е под дејство на алкохол, односно дека го управувал возилото 1,82 промили алкохол во крвта, по што е лишен од слобода.
На 27.10.2025 во Кочани, полициски службеници од ОВР КОчани го лишија од слобода Ј.И.(57) од с.Бања, кочанско. Претходно, тој со патничко возило „југо“ со кочански регистарски ознаки, кое го управувал на ул.„Роза Петрова“ во Кочани, удрил во неколку паркирани возила. При преземање мерки во врска со незгодата, констатирано е дека возилото го управувал под дејство на алкохол, односно измерени му се 2,01 промили алкохол во крвта.
Тројцата се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управвуање со моторно возило“.

