Црна хроника
Уапсен скопјанец баран по потерница, при апсењето била пронајдена марихуана
Вчеравечер, во 21.40 часот, на улицата Хаџи Јован Шишко, полициски службеници од Полициското одделение Шуто Оризари го лишиле од слобода 19-годишниот Р. У. од Скопје, извести МВР.
„Тој бил баран по потерница поради сомнение за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик. При лишувањето кај него била пронајдена и одземена марихуана. Претходно, на улицата Брсјачка буна тој физички нападнал полициски службеници“, соопшти МВР.
Р. У. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање, против него ќе бидат поднесени соодветни пријави.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Пронашле граната од Прва Светска војна и ја однеле во полициска станица во Берово
Регионалниот ЦУК Штип, известува дека вчера во 12.30 часот во станицата на Полициска станица Берово беше донесено неексплодирано убојно средство, а се претпоставува дека е од Прва светска војна, веднаш потоа беше преземена од страна на пиротехничар од ДЗС Берово за негово уништување.
„Ваквата постапка можеби изгледа правилна, но само тоа е само делумно само зошто е контактирано со Полицијата и сепак е несоодветна од безбедносен аспект. Граѓаните заради своја безбедност и на околината околу нив, треба да постапуваат согласно безбедносните препораки при вакви случаи. Кога ќе пронајдат било какви неексплодирани убојни средства (НУС) или остатоци од минатите војни, препорака до граѓаните е да не ги фаќаат и поместуваат, туку едноставно да се јават на 112 во ЦУК и со НУС ќе се постапува според стандардните оперативни процедури за вакви случаи од страна на професионалци – пиротехничари, безбедно за нив и за сите во нивната околина“, соопштуваат од ЦУК.
Црна хроника
Приведен кавадарчанец по распишана централна потерница
Денеска, во 1.10 часот, во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода 36-годишниот Д. А. од Кавадарци, извести МВР.
„Тој бил баран по централна потерница издадена врз основа на судска наредба за издржување затворска казна во времетраење од две години“, соопшти МВР.
Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа „Затвор Гевгелија“ за издржување на казната.
Црна хроника
Дете нападнато од три лица во Скопје кои му барале пари
Малолетник синоќа бил нападнат од три лица, кои претходно му побарале пари.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, објави МВР во дневниот билтен.