Црна хроника
Уапсен скопјанец, ги искршил стаклата од филијала на банка во Аеродром

Вчера во 09.50 часот на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Аеродром го лишиле од слобода 48-годишниот М.Д. од Скопје затоа што околу 09.30 часот со остар предмет ги искршил стаклата од филијала на една банка на подрачје на општина Аеродром, извести МВР.
По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Тројца уапсени во Тетовско, организирале борба со кучиња

Вчера во 16.00 часот во село Долно Палчиште, тетовско, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода 18-годишниот А.М. од село Горно Палчиште, 50-годишниот С.У. од село Долно Палчиште и 43-годишниот Ј.И. од прилепското село Дебреште, постапувајќи по претходна пријава дека организирале борба со кучиња.
За настанот биле известени јавен обвинител и Агенција за храна и ветеринарство, кои излегле на местото и кои ги преземале кучињата за понатамошна постапка. Лицата биле задржани во полициска станица и по документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Топ
Кривична против директорот на Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид за злоупотреба на службената положба

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Г. С. (48), директор на Националната установа Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело злоупотреба на службената положба и овластувањето.
Пријавениот, искористувајќи ги својата службена положба и овластувањето, без одлука на управниот одбор на установата, без уредна покана и спротивно на уредбата за издатоци за службени патувања, патувал во странство и на тој начин нанел штета на буџетот на установата во износ од 46.520 денари.
Црна хроника
Девојка од Чаир пријавена за исчезната, по една недела пратила порака дека е во Србија

Вчера во 15.00 часот во Полициската станица Чаир било пријавено дека Ј.И.(26) од Скопје, за која на 19.02.2025 беше пријавено дека се оддалечила од домот, пратила порака на семејството дека не е исчезната и дека се наоѓа во Нови Сад, Република Србија.