Црна хроника
Уапсен скопјанец, пронајдени 63 мигранти во товарното возило што го управувал
Вчеравечер, околу 20.40 часот, на локалниот пат село Стојаково – Богданци, полициски службеници од Полициската станица Гевгелија го лишиле од слобода 41-годишниот А. Д. од Скопје, извести МВР.
„При преглед во товарно возило ‘сканија’, со светиниколски регистарски ознаки, со полуприколка, кое го управувал, биле пронајдени 63 лица мигранти, од кои 55 мажи, шест жени и две малолетни лица“, соопшти МВР.
По насоки од јавен обвинител, А. Д. бил задржан во полициска станица, а мигрантите биле сместени во прифатно-транзитен центар во Гевгелија. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Затвореници претепале друг осуденик во затворот Идризово
Вчера во 10.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Казнено – поправната установа Затвор Идризово, осуденикот А.Б.(35) од Скопје бил физички нападнат од осудениците З.Р. и К.Л..
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанец претепан од својот внук
Вчера во 22.45 часот во СВР Скопје, 49 – годишен жител на скопско село пријавил дека околу 22.00 часот во неговиот дом, по претходна расправија, бил физички нападнат од неговиот малолетен внук од Скопје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Во Центар пронајден починат маж, телото предадено на обдукција
Вчера во 13.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во домот на подрачјето на Центар во Скопје бил пронајден починат В.М.(65) од Скопје.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.