Црна хроника
Уапсен стружанец кој крадел за време на полициски час
Струшката полиција поднесе кривична пријава против 31-годишник од овој град под сомнение дека сторил кривични дела тешка кражба и непостапување според здравствени прописи за време на епидемија.
Како што информираат од МВР, во неделата, 29 март, за време на полицискиот час во 16.35 часот, при контрола за спроведување на мерките за ограничено движење поради коронавирусот, полицијатa го затекнала пријавениот на улицата Боро Хаџиески – Путе во Струга.
По дополнително преземени активности, констатирано е дека тој, претходниот ден, односно 28 март (сабота), извршил тешка кражба во основното училиште „Браќа Миладиновци“ во Струга, од каде што, по насилното влегување, одзел повеќе видови електрични машини и апарати.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Гостиварец пронашол експлозивни направи под карпа покрај река
Во ОВР Гостивар вчера во 16:20 часот В.В. од Гостивар пријави дека на потегот помеѓу с. Трново и с. Железна Река, под карпа покрај реката, пронашол четири експлозивни направи.
Стручна екипа од МВР ги подигнала четирите гранати од кинеско производство за понатамошно вештачење и расчистување на случајот.
Црна хроника
Со автобус удрил во кабина на Граничниот премин Долно Блаце
Синоќа во 23:55 часот во СВР Скопје е пријавено дека на Граничниот премин Долно Блаце, на излез од државата, И.Ф.(40) од Р.Косово, управувајќи автобус со косовски национални ознаки, удрил во кабина.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје, при што на И.Ф. не му е дозволен излез од државата, односно му биле одземени документите за понатамошна постапка, информира МВР.
Црна хроника
14-годишник управувајќи четирицикл излетал од патот во Кичевско
Вчера во 16:30 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на локалниот пат с.Зајас- Теќе маало, 14-годишник од с.Горно Строгомиште, кичевско, управувајќи четирицикл со кичевски регистарски ознаки, излетал надвор од коловозот.
Во несреќата со повреди се здобил возачот и неговиот 14-годишен сопатник од с.Зајас, кичевско, констатирани во Медицинскиот центар Кичево и Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Кичево, а по наредба на јавен обвинител, четирициклот е одземен, соопшти полицијата.

