Црна хроника
Уапсен тетовец: го осудиле на затвор поради загрозување на луѓе во сообраќај, па не можеле да го најдат
Приведено лице од тетовско за издржување на затворска казна. Тој бил баран бидејќи бил осуден на затворска казна поради кривично дело тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот.
„На 07.07.2023 во 09.40 часот во Тетово од полициски службеници од СВР Тетово е лишен од слобода А.К.(36) од с.Глоѓи, тетовско. Тој бил баран по издадена судска наредба, затоа што е осуден на казна затвор во траење од една година и шест месеци, поради сторено кривично дело казниво по чл.300 од Кривичниот законик“, велат од МВР.
Лицето е приведено и спроведено во Казнено поправна установа Затвор – Тетово за издржување на казната.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Нападнат работник од ЕВН во Горно Нерези
Во полицијата вчера беше пријавено дека во Градската општа болница „8 Септември“ бил донесен 50-годишниот Т.И. од селото Матка со повреда.
Според пријавеното, истиот ден околу 11:00 часот во село Горно Нерези, додека извршувал работни задачи како вработен во ЕВН, бил физички нападнат од едно лице кое употребило тврди предмети.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанки пријавиле закани и напад од сопрузите со кои се разведуваат
Во два одвоени случаи пријавени во текот на вчерашниот ден, жени од Скопје побарале полициска заштита поради закани и насилство од нивните сопрузи со кои се во бракоразводна постапка.
Вчера во 11:40 часот бил приведен М.К. (31) од Скопје, по пријава од неговата 30-годишна сопруга дека ѝ упатувал закани. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Во вториот случај, пријавен во 13:50 часот, 43-годишна скопјанка информирала дека околу 08:00 часот на подрачјето на Ѓорче Петров била физички нападната од својот сопруг С.К. (43). СВР Скопје презема мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанка измамена за 200.000 денари од „мајстор“ што исчезнал со парите, требало да работи во дворот
Педесетгодишна жена од скопско во полицијата пријавила дека била измамена од лицето В.„Н“ за износ од 200.000 денари.
Според пријавата, тој требало да изврши градежни работи во нејзиниот двор, но по земањето на парите престанал да одговара на повиците.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

