Црна хроника
Уапсен 38-годишен маж од струмичко, ја истепал мајка си, па го запалил домот при што бил повреден и неговиот татко
На 8 октомври, вечерта, во 22.00 часот во струмичко село, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода 38-годишниот В.М., извести МВР.
– Тој се сомничи дека во домот физички ја нападнал неговата 57-годишна мајка, а откако таа го напуштила домот тој предизвикал пожар во домот, при што со повреди се здобил неговиот 66-годишен татко. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Струмица, а неговиот татко бил пренесен во болницата во Струмица за укажување помош, соопшти МВР.
В.М. бил задржан во полициска станица, по што на 09.10.2023 бил пренесен на лекување во медицинска установа во Негорци. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Затвореници претепале друг осуденик во затворот Идризово
Вчера во 10.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Казнено – поправната установа Затвор Идризово, осуденикот А.Б.(35) од Скопје бил физички нападнат од осудениците З.Р. и К.Л..
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанец претепан од својот внук
Вчера во 22.45 часот во СВР Скопје, 49 – годишен жител на скопско село пријавил дека околу 22.00 часот во неговиот дом, по претходна расправија, бил физички нападнат од неговиот малолетен внук од Скопје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Во Центар пронајден починат маж, телото предадено на обдукција
Вчера во 13.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во домот на подрачјето на Центар во Скопје бил пронајден починат В.М.(65) од Скопје.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.