Топ
Уапсен 53-годишник, извршил обљуба врз малолетник од Струмица со пречки во развојот
Вчера во 18.25 часот, полициски службеници од СВР Струмица лишиле од слобода 53-годишно лице од струмичко, кој се сомничи дека околу 11.30 часот во подрумски простории на станбена зграда во Струмица извршил обљуба врз малолетник од Струмица со пречки во развојот, извести МВР.
„Лицето било задржано во Полициската станица Струмица и за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица“, соопшти МВР.
По документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Фото) Министерот Алиу во посета на Клиниката за детски болести: им посака на сите деца поскоро оздравување
Министерот за здравство Азир Алиу, заедно со заменик министерот Јовица Андовски и претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска ја посетија и Клиниката за детски болести.
Како што известија преку социјалните мрежи, на сите дечиња им посакаа среќна Нова Година исполнета со безгрижност и радост и што поскоро да оздрават и да се вратат дома кај своите семејства.
Македонија
„Сите гледаат ски скокови за да видат кој ќе победи, само СДС следат дали ќе ги видат Заев и Филипче во публика во Гармиш-Партенкирхен“, велат од ВМРО-ДПМНЕ
„Чудно како СДС избегнаа да го спомнат Гармиш-Партенкирхен и заборавија да одговорат дали во моментов Венко Филипче таму изиграва елита со неговиот лидер Зоран Заев? Сите гледаат ски скокови за да видат кој ќе победи, само СДС следат дали ќе ги видат лидерот Зоран Заев и неговиот намесник Венко Филипче во публика“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Се надеваме дека Филипче им кажал на СДС во колку почнуваат скоковите, за да може нивните од СДС да го видат како се радува до нивниот лидер Зоран Заев.
А интересно е што од се што можеа тие се фатија за парите на златната виза од Дубаи на Венко Филипче, веројатно затоа што точно знаат колку чини, односно им кажал колку ја купил и дали е врзана за 42-катницата, но како што признаа дека ја поседува и дека ја платил, кај да е ќе кажат и колку имот поседува во Дубаи.
За Харис нема што да додадеме верните фанови од СДС верно му ги следат настапите“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Забава
Каролина Гочева: Збогум на една година која многу повеќе ни зеде отколку што ни даде
„Збогум на една година која многу повеќе ни зеде отколку што ни даде“, напиша македонската пејачка Каролина Гочева, на социјалните мрежи.
„Но, 31 декември е секогаш ден за нови надежи, ден за убави мисли и нови почетоци. Па, затоа, само ќе ви посакам мирна и среќна 2026 со некои мои убави моменти на и зад сцената од ‘25та“, додаде таа.

