Црна хроника
Удрил во автомобил на шумска полиција, па почнал да се заканува и си го запалил возилото

Вработен во шумска полиција во попладневните часови на 21 јануари во СВР Струмица пријавил дека околу 13.30 часот, на местото наречено Палазлија, во службениот автомобил „дачија“, кој бил паркиран покрај регионалниот пат Берово-Струмица, удрило возило „мерцедес“ со бугарски регистерски ознаки, во кое имало дрва.
Според пријавата, „мерцедесот“ бил управуван од жител на селото Старо Балдовци.
Возачот почнал да им се заканува на вработените во шумската полиција и потоа го испрскал своето возило со бензин и го запалил по што побегнал.
Увид на местото извршила екипа од СВР Струмица и се работи на расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
24-годишник осомничен за полови дејствија врз 5-годишно девојче

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека вршело други полови дејствија врз девојче родено во 2020 година, дело казниво според член 188 став 5 од Кривичниот законик.
Осомничениот 24-годишник, во неговиот дом во Волково, неколку пати извршил полови дејствија кои што не се состојат во вагинална, анална или орална пенетрација, врз оштетеното дете со кое е во роднинска врска. Тој го користел моментот додека девојчето било во неговиот дом затоа што живееле во одвоени куќи во ист двор, а потоа и се заканувал да не му кажува на татко и бидејќи ќе ја караат и ќе ја тепаат.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор, особено имајќи ја предвид можноста за остварување контакт со детето и потребата за заштита на жртвата од осомничениот. Воедно, обвинителството ги ценеше и околностите кои укажуваат на опасност од бегство и можноста да влијае врз постапката. Судот ја прифати ваквата аргументација и на осомничениот му определи мерка притвор во траење од 30 дена.
Црна хроника
Зет со тврд предмет го нападнал семејството на невестата во Аеродром

Семејна кавга во Аеродром заврши со физички напад.
На 4 септември во вечерните часови, 23-годишен маж од скопско село, кој е во постапка на развод со својата сопруга ги нападнал нејзиниот 70-годишнен татко и братот во семејниот дом.
Нападот, според пријавата, бил извршен со употреба на тврд предмет.
Црна хроника
Тројца скопјани се степале на паркинг по конфликт во сообраќајот

Насилство во Ѓорче Петров е регистрирано во полицискиот билтен.
Приведени се тројца скопјани, И.К.(55), М.И.(40) и С.А.(30), сите од Скопје, кои се степале на паркинг простор во текот на вчерашниот ден.
На тепачката, според информацијата од МВР, претходело недоразбирање во сообраќајот.
По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.