Топ
Ужасен улов во Вардар: рибар од Тетово, наместо риба, извлекол торба со мини

Рибар од тетовското село Волковија доживеал несекојдневен и морничав настан вчера додека бил на риболов.
Според информациите од полицијата, тој јадицата ја фрлил во селото Стенче, кај стенечкиот мост на реката Вадар. Сепак, наместо да улови риба, од реката извлекол торба, во која имало седум тромблонски мини.
Рибарот ги уловил мините вчера напладне, а се работи за 19-годишно момче.
За случајот известен е јавен обвинител, а од страна на екипа на МВР тие се безбедно подигнати.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Нападната и силувана девојка од Скопје, уапсен 37-годишник

Денеска во 01.20 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода 37-годишниот Б.Б. од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека на 21.02.2025 физички нападнал 28-годишна девојка од Скопје и извршил обљуба врз неа.
По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Топ
Додека управувал возило му се слошило и починал: автомобилот излетал од патот во Радовиш, удрил во столб па во паркиран „форд“

Вчера во 10.52 часот во Полициската станица Радовиш било пријавено дека на улицата „8 Септември“ во Радовиш, додека управувал патничко возило „сузуки“ со радовишки регистарски ознаки, на 70-годишниот С.Ѓ. од село Воиславци, радовишко, му се слошило и починал, по што со возилото излетало од коловозот и удрило во столб и паркирано патничко возило „форд“.
Лекар од Итна медицинска помош Радовиш констатирал смрт кај возачот, која настанала како последица на срцев удар.
Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Радовиш.
Топ
(Фото) Претрес во Тетово, пронајдена дрога, уапсен дилер

Вчера во 16.55 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода 37-годишниот М.М. од Тетово.
При претрес во неговиот дом ипомошни простории, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени четири тегли со марихуана, пари во различни апоени и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.
Лицето било задржано во полициска станица, за настанот бил известен јавен обвинител и по негово целосно документирање ќе биде поднесена соодветна пријава.