Црна хроника
Украдени мобилен телефон и пари во верски објект во Гостивар

Полицијата го приведе Г.П.(25) од Република Албанија поради кражба извршена вчера во верски објект во Гостивар.
„Тој одзел мобилен телефон и пари од Б.Т.(29), од селото Долна Бањица, гостиварско. Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот, а Г.П. бил задржан во полициска станица.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Уапсен возач од струшко: управувал возило под дејство на алкохол

Утрово во 01.10 часот во с.Јанковец, ресенско, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Ресен го лишија од слобода М.Е.(35) од с.Радолишта, струшко.
При сообраќајна контрола е сопрено патничко возило „ауди“ со струшки регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,56 промили алкохол во крвта.
Тој бил исклучен од сообраќај и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, соопшти полицијата.
Црна хроника
Уапсен Унгарец на Табановце, пронајдена е дрога во возилото кое го управувал

Вчера во 08.20 часот на Граничен премин Табановце, полициски службеници го лишија од слобода 47-годишниот Ц.З. од Унгарија.
При гранична контрола и преглед во возилото со унгарска национална ознака, кое го управувал, над ветробранско стакло во тапацир пронајдена и одземена е марихуана. Увид извршила екипа од СВР Куманово, а дрогата е одземена за понатамошна постапка.
По целосно документирање на случајот, во консултација со јавен обвинител, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Лишен од слобода 39-годишник од Пробиштип, возел пијан

Ноќеска во 00.10 часот во Пробиштип, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Пробиштип го лишија од слобода 39-годишниот О.Т. од Пробиштип.
При сообраќајна контрола е сопрено патничко возило „опел мерива“ со пробиштипски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,55 промили алкохол во крвта.
Тој е исклучен од сообраќај и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“ .