Црна хроника
Украдено возило од гаражата на Општина Аеродром

Синоќа во 22 часот во Полициската станица Аеродром, Д.М.(37) од Скопје, градоначалник на општина Аеродром, пријавил дека во периодот од 15.30 часот на 04.04.2025 до 20.40 часот на 07.04.2025 од гаража на општина Аеродром на бул.„Јане Сандански“ било одземено патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на општината.
Возилото било пронајдено на ул.„Перо Наков“, при што било констатирано дека недостасува една регистарска табличка.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Прегазена 68-годишна жена од Скопје

Во СВР Скопје синоќа околу 19.15 часот било пријавено дека на ул.„Лука Геров“ во Скопје, патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.Б.(70) од Скопје, удрило во пешакот М.С.(68) од с.Волково, скопско.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.С., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Момче и девојка претепале таксист во Аеродром

Денеска во 03.52 часот во СВР Скопје, М.Н. 63-такси возач од Скопје пријавил дека на подрачјето на општина Аеродром едно машко и едно женско лице не му платиле за такси услугата.
Tие според пријавеното и физички го нападнале.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопштија надлежните.
Црна хроника
Претепан малолетник во скопско Марино: друго момче го снимало настанот на мобилен

Синоќа во 22.10 часот во СВР Скопје, В.Б.(55) од с.Марино, скопско, пријавил дека во с.Марино, неговиот малолетен син бил физички нападнат од еден малолетник, додека друг малолетник настанот го снимал со мобилен телефон.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот