Црна хроника
Украден сеф со милион денари во Гевгелија
Метален сеф во кој имало милион денари е украден во Гевгелија. Според полицијата, кражбата се случила на 21/22 септември во период од 23.30 до 7.15 часот на улицата „Индустриска“ во хала на приватна фирма.
Сторителот влегол преку прозорец во канцеларија, каде од метален сеф кој насилно го отворил, одзел 1.000.000 денари. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и расчистување на случајот, соопшти МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Загина 57-годишен маж од Кочанско: со возилото излетал од патот
Вчера во ОВР Кочани било пријавено дека во периодот од 23.00 часот на 02.02.2025 до 16.30 часот на 03.02.2025 на земјен пат кој го поврзува локалниот пат с.Оризари – с.Пресека со маало „Јовевци“ од с.Д.Пресека, кај место викано „Лозата“, патничко возило „мерцедес“ со штипски регистарски ознаки, управувано од В.Д.(57) од с.Стар Караорман, излетало надвор од коловозот.
Од здобиените повреди на местото на несреќата починал возачот В.Д..
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.
Увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Кочани.
Црна хроника
Приведено лице од Кочанско за предизвикување пожар, нема повредени
Денеска во 01.40 часот, полициски службеници од Полициската станица Кочани го лишиле од слобода Г.Г.(64) од с.Жиганци, општина Чешиново – Облешево.
Тој се сомничи дека околу 23.45 часот предизвикал пожар во нива на стариот пат Штип – Кочани во близина на село Кучичино, општина Чешиново – Облешево.
Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Кочани,а повредени лица нема.
Лицето било задржано во Полициската станица Кочани и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријва по член 288 од Кривичниот законик.
Црна хроника
Истрага против дилер на кокаин во Штип
Основното јавно обвинителство Штип донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.
На 18 јануари осомничениот на другo лице му продал половина грам кокаин за 2500 денари. На 1 февруари бил извршен претрес во деловен објект каде престојувал осомничениот и полицијата таму пронашла 17 ќесички со кокаин со вкупна количина од 17 грама.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Штип достави предлог за определување мерка притвор, бидејќи оцени дека се исполнети законските основи.