Црна хроника
Украинец фотографирал Македонка на прозорец во Пула, таа го принудила да ги избрише фотографиите
Полицијата на Пула ја заврши кривичната истрага против 19-годишен украински државјанин осомничен за сторени кривични дела неовластено снимање и повреда на интегритетот на дом и деловен простор.
Полициските службеници утврдиле дека на 14 јули, околу 17 часот, млад човек преку прозорец на туристички објект во областа Пула фотографирал 31-годишна Македонка.
Тогаш 31-годишната Македонка му го одзела мобилниот телефон поради што 19-годишникот влегол низ прозорецот и ја замолил да му го врати. Жената го направила тоа откога Украинецот ги избришал фотографиите што ги направил.
Кривичната пријава против осомничениот е поднесена до надлежниот државен правобранител, извести „Индекс.хр“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Скопјанец со туѓа изгубена картичка плаќал низ продавници, поднесена пријава
Полицијата во Кичево поднесе кривична пријава против Ќ.И. (47) од скопското село Палиград, поради сомнение дека сторил кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.
Според полицијата, на 09.10.2025 тој неовластено ја искористил изгубената платежна картичка на лице од Кичево и во два наврати извршил наплата во продажни објекти во градот.
По преземени мерки, бил пронајден и приведен во полициската станица.
Црна хроника
Жена ограбена пред банкомат во Дебар, осомничениот приведен
Полицијата во Дебар поднесе кривична пријава против К.М. (23) од селото Могорче, поради сомнение дека сторил кривично дело „тешка кражба на дрзок начин“.
Според полицијата, на 19.11.2025 тој забележал жена од Дебар како подига пари од банкомат, по што насилно ѝ ги одзел парите и избегал. Набрзо бил пронајден и приведен во полициската станица.
Црна хроника
Сопственик на продавница во Дебарца не им дозволувал на инспекторите да влезат во контрола, повикана полиција
Во полицијата вчера било пријавено дека во селото Белчишта, општина Дебрца, 51-годишниот Г.С. спречил претставници на Агенцијата за храна и ветеринарство да извршат вонреден надзор во неговиот продажен објект.
Инспекторите побарале полициска асистенција, по што биле преземени службени мерки и разговори со сопственикот.
По интервенцијата, тој им овозможил на инспекторите да ја извршат контролата.

