Црна хроника
Украле паричник и со картичка од него на банкомат извадиле околу 50 илјади денари
Секторот за внатрешни работи Скопје поднесе кривична пријава против двајца 46-годишници поради сомнение дека сториле две кривични дела, односно „тешка кражба“ и „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.
Како што информираат од МВР, првото кривично дело „тешка кражба“ сторителите го извршиле на 12. ноември минатата година на улицата „Бледски договор“ кога од автомобил одзеле паричник во кој имало лични документи и банкарски картички. Потоа го извршиле и второто дело, при што од банкомат успешно извршиле трансакција на 47.800 денари од една од картичките кои ги нашле во паричникот и на која имало запишан пин.
По наредба од судија за претходна постапка извршен е претрес на дом и други простории на разбојниците при што пронајдени биле предмети кои потекнуваат од кривичните дела. Пријавените се лишени од слобода.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Претрес во неготинско, пронајдени пиротехнички средства, уапсено едно лице
На 23.12.2025 во 07:40 часот, полициски службеници од ОВР Неготино го лишија од слобода И.Р.(34) од с.Криволак, неготинско.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, пронајдени и одземени се пиротехнички средства. Тој е приведен во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Тепачка поради паркинг во Кисела Вода, уапсено едно лице
Едно лице е уапсено поради физички напад за паркинг на подрачјето на Кисела Вода.
Вчера во 18:30 часот во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници го лишија од слобода С.Р.(34) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека на 19.12.2025 околу 16:30 часот и на 22.12.2025 околу 11:30 часот, по претходно недоразбирање за паркинг простор, упатувал закани на А.Е.(40) од Скопје, а потоа и физички го нападнал.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Ја претепал сопругата: уапсен маж од Струшко
ОВР Струга поднесе кривична пријава против А.Х.(39) од струшко селo.
Тој се сомничи за сторено кривично дело „телесна повреда“.
Имено на 28.11.2025 во семејниот дом во селото, пријавениот физички ја нападнал неговата сопруга, по што бил лишен од слобода.

