Црна хроника
Украл лична карта и се обидел да земе кредит, притвор за маж од Скопско
Вчера, околу 9.30 часот, во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Чаир го лишиле од слобода Х. З. (45) од с. Крушопек, Скопско.
Тој се сомничи дека му одзел лична карта на лице од скопско село и во филијала на финансиско друштво на подрачје на Бутел се обидел да земе кредит претставувајќи се дека е лицето, но од вработените бил забележан дека лажно се претставува.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Еден загинат и тројца повредени: тешка сообраќајка кај Росоман
Денеска во ОВР Кавадарци било пријавено дека околу 08.45 часот на регионален пат Кавадарци – Неготино, во близина на село Рибарци, општина Росоман, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сеат“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 18-годишната В.З. од Градско и товарно возило „опел“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Б.Ј.(46) од Велес.
Од здобиените повреди на местото починал М.П.(40) од Велес, сопатник во товарното возило, а смрт констатирал лекар од Здравствен дом Кавадарци.
Со тешки телесни повреди се здобиле возачот на товарното возило и 18-годишната А.Н., сопатник во патничкото возило, а со телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило, констатирани во болницата во Кавадарци.
Увид на местото извршиле јавен обвинител во содејство и увидна екипа од ОВР Кавадарци. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.
Црна хроника
Давале пари на заем па барале камата: кривична за две лица од Гостиварско за лихварство
Надворешна канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Д.М.(69) и Ф.М.(52), двајцата од с.Падалиште, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „лихварство“.
Во периодот од 2012 до 2024, пријавените во повеќе наврати на две лица им давале пари на заем, за што подоцна им побарувале несразмерна камата, а им упатувале и закани доколку не им биде дадена бараната сума.
Црна хроника
Му барал 1.000 евра за да не биде убиен синот во затворот: кривична за тетовец
Надворешна канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Р.К.(35) од с.Челопек, тетовско.
Тој се сомничи за сторено кривично дело „изнуда“.
Имено на 20.04.2024, пријавениот телефонски го контактирал К.С.(72) и побарал 1.000 евра за да не биде убиен неговиот син кој е на издржување затворска казна во казнено – поправна установа.