Црна хроника
Украл отклучен автомобил па ограбил и угостителски објект
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторил кривични дела – Одземање моторно возило по член 242 став 1, како и – Тешка кражба по член 236 став 1 точка 1 од Кривичниот законик.
Осомничениот, на 3 јули, од паркинг просторот на ПОЦ во непосредна близина на Зелен пазар на улицата „11-ти Октомври“ во Скопје, одзел туѓо моторно возило марка “Фолксваген голф 3”. Тој го искористил фактот дека автомобилот бил оставен отклучен и со клучеви во бравата за стартување, па без да биде забележан влегол во возилото, го стартувал и го одзел.
Ноќеска, пак, во угостителски објект на Кеј, во непосредна блзиина на Младинскиот културен центар, осомничениот со тврд погоден предмет и физичка сила го отворил прозорецот од кујната од каде влегол во објектот. Извршил претурање и одзел една внатрешна единица за клима уред, звучник, повеќе алкохолни пијалоци, храна и други предмети, стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу 65.000 денари, а со провалувањето причинил и материјална штета околу 6.000 денари.
Бидејќи недвосмислено постојат околности кои што укажуваат на опасност од бегство на осомничениот, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се степале за паркинг во Петровец, па му се заканил со огнено оружје
Вчера во СВР Скопје, И.К.(41) од с.Петровец, скопско пријавил дека околу 18:00 часот во с.Петровец, скопско, по претходно недоразбирање околу паркинг простор, Д.Д. се обидел физички да го нападне.
Потоа му упатил закани со огнено оружје.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Фото: депозитфотос
Црна хроника
Насилство во Тетовско: нападната 19-годишна девојка
СВР Тетово поднесе кривична пријава против П.А.(28), С.А.(30), Е.А.(23), Г.А.(44) и А.А.(19), сите од с.Желино, тетовско.
Тие се сомничат за сторено кривично дело „насилство“.
Имено, според полицијата на 26.09.2025 во с.Желино, по претходна расправија, пријавените физички нападнале 19-годишна девојка од истото село.
Црна хроника
Загина 48-годишен возач: со возилото излетал од патот Кочани – Виница
Вчера во 17:35 часот во ОВР Кочани е пријавено дека на магистралниот пат Кочани- Виница, на место викано „Сланечки дол“, патничко возило „пежо“ со винички регистарски ознаки, управувано од Б.Ќ.(48) од Виница, излетало надвор од коловозот.
Од здобиените повреди на местото на настанот починал возачот, а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.
По насоки на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кочани.

