Црна хроника
Управител на фирма обвинет за злоупотреба на пари од ЕУ
Управител на фирма е обвинет за злоупотреба на средства од ИПАРД-програмата на Европската Унија. Тој добил 250.000 евра од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој за плаќање 50 отсто од вредноста на опрема, но тој парите ги уплаќал на фирми блиски до него, соопшти скопското Обвинителство. Лицето е осомничено за злоупотреба на службената положба и овластувањето и за измама на штета на средства на европската заедницa, а делата ги сторил во период од 2015 до 2017 година.
Обвинетиот 32-годишен штипјанец кривичното дело го извршил како управител на правното лице „Балкан екофруит“ ДОО Свети Николе, каде што содружник е и правното лице „Агропионер“ ДОО Скопје, управувано од државјанин на Саудиска Арабија.
„Употребувајќи средства спротивно од одобрената намена за која се добиени од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, како и со искористување, пречекорување и неизвршување на своите овластувања и должности, обвинетиот му нанел штета на оштетеното правно лице во кое бил управител, и тоа во вкупен износ од 69.825.499 денари. Обвинетиот со образложение за потреба и користење средства од ИПАРД-програмата склучил договор со Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој за користење на средствата за плаќање 50 отсто од вредноста на опремата, со што добил парични средства во износ од 14.989.596 денари. Истовремено, од Стопанска банка АД Скопје за долгорочно финансирање мултивалутна кредитна рамка подигнал парични средства во износ од 1.600.000 евра. Но, наместо во согласност со договорот паричните средства од ИПАРД-програмата да ги трансферира на сметката на правното лице ‘Балкан екофруит’ ДОО Свети Николе во Стопанска банка АД Скопје во согласност со договорот за долгорочно финансирање заради наплата на дел од кредитот, обвинетиот без согласност на правното лице содружник ги трансферирал средствата на сметка на правното лице ‘Балкан екофруит’ ДОО Свети Николе во Комерцијална банка АД Скопје, од каде што средствата се уплатувани на правни лица блиски до него по разни основи во вкупен износ од 6.406.206 денари. Остатокот од паричните средства во износ од 8.583.390 денари тој ги исплатил на други правни лица за тековни фактури по разни основи“, соопштија од Обвинителството.
Обвинетиот во својство на управител, без согласност на содружникот правно лице, електронски одобрил и исплатил шест трансакции во вкупен износ од 13.720.147 денари по што испорачувал разни материјални добра на правното лице кон други правни и физички лице во вкупен износ од 15.690.491 денар за кои изготвил само испратници и приемници, без да преземе дејства за наплата на побарувањата.
Обвинетиот исто така склучил и 36 договори за откуп на овошје и четири договори за деловно-техничка соработка – заедничко производство на домати, притоа не вршејќи наплата на побарувањата и обврските од нив, со што му нанел штета на правното лице во износ од 2.188.873 денари.
Во истиот период, обвинетиот, без согласност на содружникот, дозволил влез и производство во просториите на фабриката „Балкан екофруит“ ДОО на други правни лица од кои не ги наплатил закупнината, платата за вработените и другите режиски трошоци, со што му нанел штета на правното лице во висина од 23.236.392 денара.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
(Видео) Запленети 5050 штеки цигари и електронски цигари на ГП Стар Дојран, уапсен српски државјанин
Вчера во 17:53 часот на Граничен премин Стар Дојран, на излез од државата, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и граничен премин Стар Дојран во координација со царински службеници и припадник на Фронтекс, го лишија од слобода 56-годишниот М.Г. од Република Србија, кој управувал товарно возило „ман“ со полуприколка „шмитц“ со српски национални ознаки.
При граничната контрола, утврдено е дека е фалсификуван WIN бројот на полуприколката во сообраќајната дозвола. При извршен преглед пак, во полуприколката, со помош на специјален уред-Ендоскоп пронајден е скриен бункер, во кој се пронајдени вкупно 5050 штеки, од кои 800 штеки цигари и 4250 штеки електронски цигари.

По целосно документирање на случајот, против М.Г. ќе бидат поднесени кривични пријави по чл.378 – „фалсификување исправа“ и по чл.278 – „криумчарење“ (акцизна стока) од Кривичниот законик.
фото: МВР
Црна хроника
Пријавено оштетување на стаклото на влезната врата на Амбасадата на Бугарија
Вчера во 15:55 часот, во СВР Скопје, од страна на Одделот за обезбедување на определени личности и објекти при Министерството за внатрешни работи, било пријавено оштетување на стаклото на влезната врата од Амбасадата на Република Бугарија. Офицерот за безбедност на Амбасадата, преку системот за видео надзор, забележал оштетување на стаклото од влезната врата на објектот.
Според досега утврденото, оштетувањето го извршило засега непознато лице, кое со удар со рака го оштетило стаклото од влезната врата.
На местото на настанот биле преземени соодветни полициски мерки, а надлежните служби работат на расчистување на случајот и утврдување на сите околности поврзани со настанот, извести МВР.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
фото: МВР
Црна хроника
Скопјанец осомничен за семејно насилство, предложен притвор
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кривично дело – Телесна повреда по член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик, информира Обвинителството.
„Осомничениот 41-годишник од Велес со непријавено престојувалиште во Скопје, при вршење семејно насилство, со умисла телесно ја повредил неговата вонбрачна партнерка.
Додека оштетената ја подготвувала да ја однесе во градинка нивната ќерка, тој најпрво започнал вербална расправија, а потоа со лажица за облекување чевли, во повеќе наврати ја удрил во пределот на главата.
Жртвата се повлекла во спалната соба од станот, каде осомничениот насилно ја турнал на креветот, го зел нејзиниот мобилен телефон и го фрлил на подот, почнал да ја плука по лицето и со неколку удари со бокс во главата и телото и нанел телесни повреди – контузија и хематоми.
Јавниот обвинител го имаше предвид фактот дека жртвата претходно го имала пријавено осомничениот за семејно насилство, но потоа го повлекла предлогот за кривично гонење. Затоа, заради обезбедување на присуството на осомничениот во текот на кривичната постапката и особено заради заштита од понатамошни насилни однесувања кон оштетената, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор“, стои во соопштението на Обвинителството.

