Топ
Усмртен пешак во Гостиварско, уапсен возачот

Вчера во ОВР Гостивар било пријавено дека околу 20:25 часот на регионалниот пат Гостивар – село Градец, во село Добридол, гостиварско, патничко возило „рено“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од 30-годишниот Г.Б. од село Врапчиште, гостиварско, удрило во пешакот 65-годишниот З.Ш. од село Добридол.
По несреќата, пешакот З.Ш. бил пренесен во Медицински центар Гостивар каде што починал, а лекар констатирал смрт.
По наредба на јавен обвинител, а по член 300 од Кривичниот законик – „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“, околу 21:10 часот од слобода бил лишен возачот Г.Б..
Тој бил задржан во полициска станица и против него ќе биде поднесена соодветна пријава. Увид на местото извршиле јавен обвинител и увидна екипа на СВР Тетово – ОВР Гостивар.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Ресенчани алармираа: Преспа има годишно по 250 новозаболени од карцином, се бори со стерилетет и проблеми со тироидна жлезда, а тоне во ѓубре

На Преспа и треба заедничка акција која ќе тргне од граѓаните, а ќе ја продолжат институциите и од локаната и од централната власт за да за да се дојде до почиста животна средина која, пак, значи здравје за сиот жив свет, е заклучокот од денешната панел-дискусија „Здрава средина, здрав живот“ во Ресен организирана по повод Меѓународниот ден за животна средина и здравје 26 септември. Учесниците на дискусијата без задршки зборуваа за проблемите кои ги предизвикува колективната негрижа за животната средина. Директорот на болницата за респираторни заболувања, Благоја Китановски, даде загрижувачки податоци за бројот на заболени од карцином во Преспа.
„Има благо зголемување на бројот на заболени од карцином иако бројката на новозаболени од овој регион не го надминува просекот на ниво на Републиката. Ние имаме годишно 250 новозаболени од карцином. Таа бројка беше поголема во претходната година оти за време на ковид-кризата не се правеше дијагностика. За надминување на оваа состојба ние правиме редовни скрининзи за рак на дојка и колоректален карцином кои се малигни заболувања карактеристични за овој регион“, рече директорот Китановски.

Ресенчани без задршки зборуваа за проблемите
Неговиот став е дека вината за состојбата со заболувањата подеднакво ја дели човечкиот фактор со негрижата за животната средина и климатските промени кои го намалуваат водостојот на езерото, го менуваат живиот свет во езерото, а од таму и на луѓето.
Билјана Стојаноска, која учествуваше на панел – дискусијата како претставничка на аптекарите, го дополни директорот Китановски со уште позагрижувачки податоци.
„Имаме податоци што не смееме да ги игнорираме. Моето децениско аптекарско искуство покажува дека како никогаш досега во Ресен продаваме лекови за карцином, тироидна жлезда, за стерилитет, за алергии. Како фармацевти нема да останеме неми, ќе нудиме едукација и совети за секој што сака да живее поздраво“, рече Стојаноска.
Таа со личен пример, потврди дека не е мала бројката на заболени од карцином во овој регион. Пред десет години и бил дијагностициран рак на тироидна жлезда, го излекувала, а сега има рецидив овој пат на дојка.
„До кога е молчиме за ова“, јавно праша Стојаноска на панел дискусијата.
Давид Здравески во име на Институтот за јавно здравје најави редовен мониторниг на воздухот, водата, храната, почвата и бучавата во Преспа.
„Наша должност и обврска е откога ќе ги добиеме потребните анализи, врз основа на годишните извештаи и епидемиолошки испитувања да дадеме препораки кои обврска има да ги спроведе локалната самоуправа. Тоа редовно го правиме, а така и ќе продолжиме, останува граѓаните да ги почитуваат“, рече Здравески.
Една од главните препораки за ресенчани од Здравески е да носат респираторни маски не само кога одат во овоштарниците за прскање туку и кога го подготвуваат материјалот за прскање.
Орхидеја Тасевска, директорка на Хидробиолошкиот завод Охрид кажа дека Преспанско Езеро забрзано старее во споредба со останатите природни езера што се гледа преку прекумерно цветање на алгите во езерото, процес за кој во голема мера придонесува прекумерната употреба на пестициди кои преку реките и подземните води завршуваат во езерото.
„Промените кои ги предизвикуваат се зголемена продукција на фитопланктон, цветање на алгите. Сериозно е тоа што многу често има токсични алги кои го загрозуваат животот во езерото но понатаму и на луѓето преку исхраната со риба“, рече директорката Тасевска.
На панел дискусијата како претставник на општината присуствуваше Ајман Ал Мала од секторот за животна средина. Тој за следната година најави измена на низа закони за животната средина, но нагласи дека промената треба да почне од секој од нас.
„Доста веќе се организира чистење диви депонии, Тоа треба да се укине. Треба да тргне секој од себе, од дома, од семејството, па понатака да дејствуваа и институциите“, рече Ал Мала.
Тој детално зборуваше за сите акции кои Општина Ресен во моментов ги презема за расчистување на депониите, за селектирање на отпадот и за најавеното компостирање.
Панел-дискусијата ја организираше Институтот за комуникациски студии во рамки на кампањата „Преспа? Разбуди се за чиста средина“ која е поддржана од Европската Унија во рамки на програмата „ЕУ за Преспа“.
Македонија
СДСМ со предлог-резолуција: Уставни измени до февруари 2026 година за да се отвори првиот кластер во преговорите со ЕУ

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска на прес-конференција ја претстави предлог-резолуцијата со која, како што рече, се дефинираат заедничките државни и национални позиции за продолжување на процесот на пристапување на Република Северна Македонија во Европската Унија.
Филипче нагласи дека резолуцијата е потврдена врз основа на сите досегашни стратешки документи, договори и иницијативи на Собранието и Владата, и ја поставува рамката во која сите политички субјекти и институции ќе треба да делуваат во наредниот период.
Особен акцент во документот е ставен на временската рамка за уставните измени, кои се дефинирани како последна пречка за напредок во европската интеграција.
Временска рамка за уставни измени, според резолуцијата:
Од 15 до 25 ноември 2025 година, Владата треба да се изјасни околу поднесените амандмани за внесување на бугарската и другите етнички заедници во Уставот – дали останува на истиот текст или предлага нов.
Доколку има нов текст на амандманите, тој треба да биде усвоен од Владата и доставен до Собранието до 1 декември 2025 година.
Собранието треба да ја започне постапката за измена на Уставот најдоцна до 15 декември 2025 година, кога е предвидено и првото гласање.
Финалното гласање за уставните измени треба да се одржи најдоцна до 10 февруари 2026 година, кога треба да се усвои и Уставниот закон за нивно спроведување.
Истовремено, Владата ќе испрати писмо до државите членки на ЕУ и до Европската комисија дека обврските за одблокирање на процесот се исполнети, заедно со сите подготвени документи (патокази).
Очекувања од ЕУ
Со ова писмо, Владата ќе побара Европската комисија да организира Меѓувладина конференција меѓу ЕУ и Северна Македонија, на која ќе се донесат одлуки за одблокирање на преговорите и отворање на првиот кластер – „Темелни вредности“. Ова, според резолуцијата, треба да се случи не подоцна од 15 февруари 2026 година.
Заштита на националните интереси
Во предлог-резолуцијата се потенцира дека Владата и сите државни институции мора доследно да се придржуваат кон определбата за безусловно почитување на јазичните, идентитетските, историските и културните особености на македонскиот народ, како елементи за кои не се преговара со Европската Унија. Преговорите, се нагласува, треба да се водат на рамноправна и принципиелна основа, во согласност со меѓународното право и со целосно почитување на достоинството и посебноста на Македонскиот народ, како и во согласност со Резолуцијата усвоена од Собранието на 29 јули 2021 година.
Документот дополнително утврдува дека во текот на преговорите за пристапување, па сè до нивното завршување со потпишување на Договорот за членство, Владата нема да прифати промена на решението за македонскиот јазик утврдено во Преговарачката рамка. Со полноправното членство, македонскиот јазик ќе стане еден од службените јазици на ЕУ, без какви било додавки, објаснувања или фусноти, во согласност со заклучоците на Собранието донесени на 16 јули 2022 година.
Во резолуцијата јасно се нагласува и дека билатералните прашања поврзани со добрососедските договори, кои не се дел од европското право и Копенхашките критериуми, не смеат да бидат услов за отворање и затворање на поглавјата и кластерите во процесот на пристапни преговори со Европската Унија.
Македонија
Се запали цистерна што превезувала нафта: излетала од патот Гевгелија – Богданци

Претпладнево, цистерна, која превезувала нафта, излетала од регионалниит пат Гевгелија – Богданци и се превртела по што дошло до истекување нафта и нејзино палење, соопшти директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов.
„ТППЕ Гевгелија бргу стигна на местото на несреќата и со специјална пена го изгасна огнот, кој предизвика силнен црн чад и во овој момент имаат целосна контрола. Истекувањето на нафтата продолжува понатаму, опасноста од појава на нов оган е сведена на минимум“, информира тој.
Појасни дека патот Гевгелија – Богданци е затворен за сообраќај.