Црна хроника
Уште две лица во притвор за убиството во струшкото село Поум
Надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Струга донесе Наредба за спроведување на истражна постапка за уште две лица поради постоење на основано сомневање дека сториле кривично дело Убиство, а еден од осомничените и за кривично дело Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи.
„Во текот на истрагата во врска со завчерашното убиство во струшкото село Поум, надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струга во координација со Министерството за внатрешни работи дојде до нови сознанија што укажуваат дека осомничениот не го сторил делото сам. Имено, во извршувањето на убиството учествувале уште две лица кои се во роднинска врска со веќе осомниченото лице“ се наведува во соопштението на обвинителството.
Осомничените се притворени и јавниот обвинител ценејќи дека се исполнети законските основи ќе достави предлог за определување на мерката притвор за двете лица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Камион удри во крава на патот Крива Паланка – Куманово
Камионџија од Бугарија усмрти крава на патот Крива – Паланка – Куманово.
Според информациите на МВР, вчера во 18:00 часот во ОВР Крива Паланка e пријавено дека на магистралниот пат Крива Паланка – Куманово, во село Жидилово, кривопаланечко, товарно возило „мерцедес“, управувано од Е.М.С.(59) од Бугарија, удрило во домашно животно – крава, по што животното починало, а тој со возилото го напуштил местото.
По преземени мерки Е.М.С. бил пронајден и против него ќе следува соодветна пријава. Увид извршила екипа од ОВР Крива Паланка.
Црна хроника
84-годишна битолчанка измамена за сума од 9.600 евра
Осумдесет и четиригодишна битолчанка пријавила во полицијата дека била измамена од едно лице за сума од 9.600 евра.
„Според пријавеното, претходно лицето ѝ се јавило, се претставило како лекар и ѝ кажало дека нејзината ќерка се здобила со скршеници и било потребно да се направи итна операција, за што требало да плати. Како што е пријавено, таа ги дала парите на едно лице кое дошло пред нејзината зграда, а откако подоцна се слушнала со нејзината ќерка сфатила дека е измамена“, велат од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Фото: Depositphotos
Црна хроника
Скопјанец нашол паричник во Струга, ги потрошил парите, па пазарел и со картичката, МВР го пронајде
Полицијата во Струга поднесе кривична пријава против П.П. (41) од Скопје, со привремено живеалиште во Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.
Тој, во угостителски објект во Струга пронашол паричник сопственост на лице од струшко село, по што со парите а потоа и со банкарска платежна картичка, на повеќе продажни места, неовластено извршил плаќање за свои потреби.

