Црна хроника
Фатени двајца дилери во Гостивар, едниот се обидел да го фрли кокаинот кога дошла полицијата
Основното јавно обвинителство Гостивар донесе наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги.
„Осомничените на 13-ти декември, заради продажба држеле 13,59 грама кокаин. Дел од дрогата била пронајдена при личен претрес кај првиот осомничен. Истиот ден при претрес во неговиот дом било затекнато и второто осомничено лице кое се обидело да фрли дел од дрогата и една дигитална вага во печка на дрва. Кај осомничените биле пронајдени и одредени парични средства за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривичното дело и истите се одземени“, информираат од Обвинителството.
Со оглед на тоа што постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, можност за влијание врз сведоци и страв дека осомничените можат да го повторат кривичното дело, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот суд во Гостивар достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривична пријава против четири лица за измами со лажни сообраќајки тешки 3,7 милиони денари
СВР Битола во соработка со Одделот за криминалистичка полиција при БЈБ поднесе кривична пријава до ОЈО Битола против В.П.(40) од с.Стење, ресенско, Г.М.(54) со престој во Скопје, едно непознато лице (третопријавен) и В.М.(51) од Охрид, поради сомнение за сторени кривични дела.
Против прво, второ и третопријавениот е поднесена кривична пријава поради сомнение за сторено кривично дело „Измама“, предвидено и казниво по чл.247 од КЗ, додека четвртопријавената се сомничи дека сторила кривично дело „Помагање“ по чл.24 во врска со чл.247 од КЗ.
На 05.02.2026 година на ул.„Маврово“ во Битола, прво, второ и третопријавениот со лажно прикажување факти довеле во заблуда 72-годишна битолчанка, претставувајќи се дека нејзината снаа е тешко повредена и дека се потребни пари и злато за операција. Оштетената му предала златен накит на првопријавениот, кој подоцна ги предал предметите на второпријавениот. Со делото била причинета штета од околу 40.000 денари.
На 06.02.2026 година кај Саат кулата во Битола, на ист начин измамиле 76-годишна жена и нејзиниот сопруг, од кои одзеле околу 430.000 денари.
Во периодот од ноември 2025 до 21.02.2026 година, второпријавениот и четвртопријавената ги пренесувале и предавале паричните средства стекнати со измами во Р.Бугарија, односно во Софија, на третопријавениот, при што дел од средствата задржувале за себе.
Со измамите извршени во повеќе градови во државата, пријавените се стекнале со противправна имотна корист од околу 3.700.000 денари.
Од страна на судија на претходна постапка при Основен суд Битола на Г.М. му е одредена мерка притвор во траење од осум дена, додека првопријавениот веќе издржува мерка притвор.
Црна хроника
Обвинение за семејно насилство врз бремена девојка во Свети Николе
Основното јавно обвинителство Свети Николе итно ги презеде сите дејствија за обезбедување докази и поднесе обвинение против 21-годишник за нанесување телесна повреда при семејно насилство, што е кривично дело според член 130 став 2 во врска со став 1, како и за противправно лишување од слобода според член 140 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик, информираат од Обвинителството.
Како што се наведува во соопштението, обвинетиот на 19 и 20 февруари, во семејната куќа во Свети Николе, при вршење семејно насилство, ја ограничил слободата на движење и телесно ја повредил неговата бремена девојка.
„Ја навредувал оштетената со која живееле во семејна заедница, а потоа започнал да ја удира со тупаници. Кога девојката се онесвестила од ударите, ја однел во бањата каде ја освестил со ладна вода, по што почнал да ја влече за коса и повторно да ја удира со боксови по главата и телото. Оштетената од ударите се здобила со повеќе телесни повреди, а кога се обидела да избега обвинетиот и го одзел мобилниот телефон и ја заклучил во спалната соба, каде ја држел 15 часа спротивно на нејзината волја.
Јавниот обвинител, заедно со обвинението, поднесе и предлог за определување мерка притвор за обвинетиот. Во меѓувреме се вршат проверки и во однос на наводи и сомненија за други дејствија на злоупотреби од ова лице кон истата оштетена, кои произлегуваат од нејзиниот исказ даден пред јавниот обвинител“, велат од Обвинителството.
Топ
Од Дубаи екстрадирано лице барано со потерница од македонската полиција, прва екстрадиција од Обединетите Арапски Емирати во нашата земја
Денеска од Дубаи во нашата земја беше екстрадиран 33-годишниот Флорим Лимани, кој беше баран со меѓународна потерница за издржување затворска казна од три години и шест месеци за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи”, казниво по чл. 396 ст.1 од КЗ.
Ова е прва реализирана екстрадиција на лице од Обединетите Арапски Емирати, кое нашата држава го бара со меѓународна потерница, извести МВР.
Фото: МВР

