Црна хроника
Фатени двајца измамници кои земале пари од луѓе за наводни сообраќајни несреќи
Полицијата приведе две лица кои се сомничат дека измамимле жена да им даде пари за наводна несреќа што ја предизвикала нејзината ќерка.
„На 02.06.2024 во 20.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода И.Ф.(52) од Куманово, додека на 03.06.2024 на Граничен премин Табановце бил задржан С.Ш.(57) од Штип. Тие се сомничат дека на 01.06.2024 измамиле 79 – годишна жена од Куманово за сума од 100.000 денари. Тие ѝ се јавиле на телефон и претставувајќи се како вработени во полиција и ги побарале парите за да помогнат нејзината ќерка да не оди во затвор за наводна сообраќајна несреќа во која учествувала, а во која настрадало дете“, објави МВР.
Лицата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Со возилото удрил во заштитна ограда а возел со 1,98 промили алкохол во крвта: уапсен кичевец
Вчера во 18:25 часот на магистралниот пат Охрид-Кичево, кај месноста „Копачка“, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода О.М.(63) од Кичево.
Претходно, тој со патничко возило „пежо“ со кичевски регистарски ознаки, кое го управувал, излетал од патот и удрил во заштитна ограда, а при преземање мерки во врска со незгодата е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,98 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, информира МВР.
Црна хроника
Кривична против поранешниот градоначалник на Демир Капија и за ексдиректорот на „Бошава“: ќе одговараат за загадување на животната средина и природата
ОВР Неготино, до Основното јавно обвинителство Кавадарци, поднесе кривична пријава против Л.П.(42) од Демир Капија, П.Ј.(50) од Неготино, против општина Демир Капија и јавно претпријатие за комунални работи „Бошава“ од Демир Капија поради постоење основи за сомнение дека сториле кривично дело „загадување на животната средина и природата“ по член 218 од Кривичниот законик.
Во периодот од јуни до октомври 2025 година, Л.П. во својство на поранешен градоначалник на општина Демир Капија и П.Ј., во својство на поранешен директор на јавното претпријатие за комунални работи „Бошава“, овозможиле инсталирање на несоодветна електрична и водоводна мрежа на претходно избушен бунар за вода за пиење во село Прждево, демиркаписко, без да поседуваат документација за техничка исправност на бунарот. Во наведениот период во повеќе наврати овозможиле дотур на водата до резервоарот за вода за пиење и со тоа ги занемариле законските обврски и дозволиле бунарот да биде слободно достапен на жителите на село Прждево, со што придонеле за настанување на состојба на контаминација на водата за пиење, која била закана по здравјето на околу 120 жители на селото.
Црна хроника
Тепачка на паркинг-простор во скопски Аеродром
Денеска околу 02:25 часот во СВР Скопје, Ј.Ј.(42) од Пробиштип пријави дека на паркинг простор на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, по претходна расправија, бил физички нападнат од О.А.(37) од Скопје.
По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок, соопшти полицијата.

