Црна хроника
Фатени тројца дрвокрадци од Струшко
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ј. Б. (40), Р. Б. (20) и Б. Џ. (40) од струшкото село Мислодежда поради постоење основи на сомнение за сторено на кривично дело кражба.
Тие на 22.9.2020 во шумското подрачје Орли Врв, атар на селото Црвена Вода, општина Дебрца, со која стопанисува ЈП „Национални шуми“, без одобрение за сеча пресекле околу 19 кубни метри огревно дрво. Тие биле затекнати од полициски службеници и претставници на шумското стопанство. Дрвната маса била одземена и пренесена во седиштето на Јавното претпријатие, соопшти полицијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Автомобил излета од патот кај Маврово: скопјанка тешко повредена, сопатникот се здобил со полесни повреди
Седумдесет и тригодишна скопјанка е тешко повредена, а возачот со кој патувала се здобил со телесни повреди, откако нивното возило излетало од коловозот на патот Маврови Анови – Дебар, кај гостиварското село Скудриње.
Несреќата се случила на 7 февруари 2026 година, околу 9 часот наутро, кога патничко возило „опел зафира“ со скопски регистарски таблички, управувано од Ј.М. од Скопје, излетало од патот. Повредените се префрлени во Ургентниот центар во Охрид, каде кај сопатничката биле констатирани тешки телесни повреди.
Извршен бил увид.
Црна хроника
Пијан, 65-годишник од Свети Николе им се заканувал на синовите и го нападнал едниот
65-годишен жител на Свети Николе бил приведен откако во семејниот дом им се заканувал на своите двајца синови со остар предмет, а едниот од нив и физички го нападнал.
Инцидентот се случил на 7 февруари околу 21:30 часот, а полицијата интервенирала истата вечер во 22:45 часот. По приведувањето било утврдено дека мажот бил под дејство на алкохол – измерени му биле 2,16 промили во крвта.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Црна хроника
Приведен маж во струшката болница, aгресивно се однесувал со медицинските лица
Утрово околу 01:40 часот, во Општата болница во Струга бил приведен 59-годишниот М.А. од селото Делогожда, поради агресивно и непримерно однесување кон медицинскиот персонал.
Како што информира МВР, лицето со гласно викање и агресија го нарушило јавниот ред и мир и ја загрозило сигурноста на здравствените работници.
По интервенција на полицијата, тој бил приведен, а по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

