Контакт

Црна хроника

Фатени шверцери на кокаин и марихуана, петмина во притвор

Објавено пред

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција гони шест лица, од кои петмина за новластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори и еден за помагање. Петмина од нив се уапсени и им е одреден 30-дневен притвор. Шестиот е во притвор во Србија. Според Обвинителството, осомничените се дел од два одвоени настана што се случиле во текот на 2017 година, а за кои беше побарана и меѓународна правна помош од Србија.

dobivaj vesti na viber

„Во текот на 2017 година на територијата на Србија беа запленети 128 килограми и 670 грама марихуана, како и 440 грама кокаин и 1.330 грама смеса за мешање (фанацетин и манитол), кои оваа група сакала да ги транспортира до Република Македонија и Република Србија“, изјави портпаролот на МВР, Тони Ангеловски.

По низата оперативни мерки и активности, вчера врз основа на наредба на судија на претходна постапка извршни се претреси на неколку локации, и тоа на подрачјето на Тетово (три претреси) и Прилеп (четири претреси), со цел приведување на припадниците на групата и дополнително обезбедување материјални докази за организираните транспорти на кокаин и марихуана.

Во рамките на криминалистичкото истражување обезбедени се докази за два транспорта на наркотична дрога и остварена е соработка со српските органи. Во првиот случај утврдено е дека лицата Н.Д. (33) во Прилеп и Б.Е. (43) во Тетово во текот на септември минатата година од лице од Белгија набавиле околу 0,5 кг кокаин за цена од 25.000 евра и смеса за мешање. За таа цел организирале транспорт, при што кокаинот го сместиле во „мерцедес“ со белгиски регистарски ознаки со намера да го пренесат од Белгија во земјата.

На 23 септември 2017 година на излез од Србија (ГП Прешево) од страна на српски полициски и царински службеници запрен е „мерцедес“ со белгиски регистарски ознаки, управуван од страна на Н.Д., по што тој почнал да бега, илегално ја преминал границата и влегол во земјата. По извршен преглед на возилото, пронајдени се два пакета наркотична дрога кокаин со вкупна маса од 440 грама и смеса за мешање (фанацетин и манитол) со вкупна маса од 1.330 грама. Паричните сретства за набавка на кокаинот по инструкции од Н.Д. се префрлени од страна на Е.А. (35) од Прилеп за лицето од Белгија.

Во рамките на вториот случај, пак, утврдено е дека Ј.И. (41) од Тетово набавил наркотична дрога марихуана, ја складирал на територија на Косово, по што заедно со А.М. (53) од Тетово ја сместил во камион. Притоа Ј.И. го ангажирал И.И. (70) од Тетово да изврши транспорт на марихуана за одреден паричен надомест од Косово до Србија. На 20 декември 2017 година од страна на српската полиција во близина на Владичин Хан запрен е камион во кој во резервоарот биле пронајдени 131 пакување со марихуана. По извршено вештачење, утврдено е дека се работи за наркотична дрога марихуана со вкупна маса од 128 килограми и 670 грама.

 

Црна хроника

Едно лице загина во сообраќајна несреќа кај Кучевиште

Објавено пред

Од

Едно лице загина, а друго е повредено во сообраќајна несреќа што се случила вчера на локалниот пат с.Кучевиште- с.Кучевишка Бара.

dobivaj vesti na viber

Во несреќата учествувале патничко возило „форд фиеста“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.П.(65) од Скопје и патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ж.С.(57) од с.Кучевиште, скопско.

На местото на несреќата починал возачот на патничкото возило „форд“ В.П., а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.

Со телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило „фолксваген голф“ Ж.С., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено за обдукција, а извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Пијан 36-годишник од Кичево се однесувал агресивно во казино, двајца охриѓани се истепале во друго казино

Објавено пред

Рано утрово, во 04:55 часот во СВР Охрид е пријавено дека во казино на улицата „Абас Емин“ во Охрид бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Л.У.(35) и М.„Н“, двајцата од Охрид. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок, извести СВР Охрид.

dobivaj vesti na viber

Исто така ноќеска во 03:10 часот на улицата „Тане Цалески“ во Кичево, полициски службеници го приведоа 36-годишниот Р.С. од Кичево, постапувајќи по претходна пријава дека во казино во Кичево агресивно се однесувал кон вработените. По преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,06 промили алкохол во крвта. Тој е спроведен во полициска станица и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Без одобрение изградила пристапен пат и поставила армирана бетонска пристапна рампа: кривична пријава за охриѓанка

Објавено пред

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Д.Р.(40) од охридското село Велгошти.

dobivaj vesti na viber

Таа се сомничи за сторени кривични дела „бесправно градење“ и „узурпација на недвижности“.

Имено на катастарска парцела во државна сопственост во атар на истото село, таа без одобрение изградила пристапен пат и поставила армирана бетонска пристапна рампа. Врз основа на констатираната состојба, овластен градежен инспектор изготвил решение за нивно отстранување.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

По 100 дена мандат, Ѓорѓиевски порача: „Скопје повторно почна да дише“

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, објави отчет за првите 100 дена од мандатот, наведувајќи дека ја презел функцијата во...

Македонија6 часа

Донесени пресуди за случајот „Премин“, обвинителството најави жалба

Денеска, во Основниот кривичен суд Скопје, беше објавена неправосилна пресуда во предметот со кодно име „Премин“, застапуван од Специјализираното одделение...

Македонија7 часа

Поранешен градоначалник на Росоман исплатил личен долг од 500.000 денари од општинскиот буџет

Полицијата поднесе кривична пријава против С.Н.(29) од Росоман поради постоење основи за сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службената...

Македонија9 часа

Сиљановска – Давкова: Имаме најмало и најстаро владино авионче во регионот, секогаш имам дилема дали да летам со него

Претседателката, Гордана Сиљановска – Давкова, призна дека секогаш има дилема кога треба да се вози со владиниот авион затоа што...

Македонија11 часа

Семејството на Мицкоски никогаш не го користело владиниот авион, ама затоа Заев бил со семејството на одмор во Амстердам, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Семејството на премиерот Христијан Мицкоски никогаш не го користело владиниот авион. Но, очигледно е дека работи фројдовскиот елемент кај СДС,...

Македонија11 часа

Кривични против претседатели и вработени во Здружението на инвалиди на трудот – Штип, си присвоиле над 300.000 денари

Полицијата поднесе кривични пријави против поранешни претседатели и вработени во Здружението на инвалиди на трудот – Штип за сторени продолжени...

Македонија13 часа

Сопствениците на кучиња да го почитуваат законот и да ги микрочипираат милениците, апелира АХВ

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) апелира до сопствениците на домашни миленици – кучиња за исполнување на законската обврска за...

Економија13 часа

Николоски: Воведовме 23 нови линии во авиосообраќајот, имаме рекордна бројка на патници, а годинава очекувам да порасне над 4 милиони патници

Од изборот на Владата до денес имаме нови 23 директни летови, охридскиот и скопскиот аеродром поминаа 3,5 милиони патници, оваа...

Европа14 часа

(Видео) Зеленски: Десетици илјади Украинци загинаа за Донбас, не се работи за земјата, туку за луѓето

Претседателот Володимир Зеленски вчера повтори дека Украина нема да отстапи територија на Русија, ниту да се повлече од областите што...

Регион15 часа

(Видео) Дете висеше од ски-лифт на Јахорина па падна, скијачите се обидоа да го фатат

Вчера, дете падна од жичницата на планината Јахорина во Босна и Херцеговина откако некое време висеше држејќи се за седиштето....

Свет15 часа

Утре прв состанок на Одборот за мир на Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп утре ќе претседава со првиот состанок на Одборот за мир, во сенка на нерешени прашања за...

Свет15 часа

Една третина од американската морнарица е во близина на Иран: објавено кога би можел да започне нападот

Американската војска е подготвена да го нападне Иран уште овој викенд, иако претседателот Доналд Трамп сè уште не донел конечна...

Македонија16 часа

Сообраќајот на патниот правец Скопје – Велес е нормализиран во двете ленти

Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес е нормализиран во две коловозни ленти, извести АМСМ. Интензитетот на сообраќај на...

Свет16 часа

(Видео) Една од најсмртоносните лавини во историјата на САД: oсум скијачи загинаа, еден е исчезнат

Осум скијачи загинаа, а еден е исчезнат во лавина во планините Сиера Невада во Калифорнија, соопштија властите во среда, во...

Македонија1 ден

Законот за високо образование нема да биде повлечен, јавнaта расправа продолжува

Министерката за образование и наука Весна Јаневска на пленарна седница изјави дека нема да го повлече нацрт-законот за високо образование....

Македонија1 ден

Гоце Наумовски стана нов уставен судија

Собранието со 63 гласа „за“, седум „против“ и без воздржани го избра професорот Гоце Наумовски за нов уставен судија, по...

Македонија1 ден

Владата нема да купува нов авион: ќе се повлечеме од набавката и ќе се молиме да останеме живи, вели Мицкоски

Владата се откажа од набавка на нов авион на што се одлучи оти стариот е дотрајан и претставува голем трошок...

Македонија1 ден

(Видео) За Мицкоски контролата на цените не е популизам, туку заштита на граѓаните, најави праведност и кон оние што се обидуваат да профитираат од кризите и кон оние што избегнуваат обврски

Денешната конференција за формализирање на неформалната економија не е само експертска расправа. Таа е разговор за праведност во општеството. За...

Македонија1 ден

(Фото) Изгореа викендица и куќа, се запали оџак: три интервенции на струмичките пожарникари

Струмичките пожарникари денеска уште во раните утрински часови имаа три интервенции. Во 06.55 часот, во излетничката населба Суви Лаки, запалена...

Македонија1 ден

„Парите за боледувања доцнат – дали Клековски манипулира дека се редовни или фондот е празен“, прашува Левица

„Изминатиот период сѐ повеќе граѓани нѐ информираат дека одреден период Фондот за здравствено осигурување не врши навремена исплата на средства...