Црна хроника
Фатени шверцери на кокаин и марихуана, петмина во притвор
Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција гони шест лица, од кои петмина за новластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори и еден за помагање. Петмина од нив се уапсени и им е одреден 30-дневен притвор. Шестиот е во притвор во Србија. Според Обвинителството, осомничените се дел од два одвоени настана што се случиле во текот на 2017 година, а за кои беше побарана и меѓународна правна помош од Србија.
„Во текот на 2017 година на територијата на Србија беа запленети 128 килограми и 670 грама марихуана, како и 440 грама кокаин и 1.330 грама смеса за мешање (фанацетин и манитол), кои оваа група сакала да ги транспортира до Република Македонија и Република Србија“, изјави портпаролот на МВР, Тони Ангеловски.
По низата оперативни мерки и активности, вчера врз основа на наредба на судија на претходна постапка извршни се претреси на неколку локации, и тоа на подрачјето на Тетово (три претреси) и Прилеп (четири претреси), со цел приведување на припадниците на групата и дополнително обезбедување материјални докази за организираните транспорти на кокаин и марихуана.
Во рамките на криминалистичкото истражување обезбедени се докази за два транспорта на наркотична дрога и остварена е соработка со српските органи. Во првиот случај утврдено е дека лицата Н.Д. (33) во Прилеп и Б.Е. (43) во Тетово во текот на септември минатата година од лице од Белгија набавиле околу 0,5 кг кокаин за цена од 25.000 евра и смеса за мешање. За таа цел организирале транспорт, при што кокаинот го сместиле во „мерцедес“ со белгиски регистарски ознаки со намера да го пренесат од Белгија во земјата.
На 23 септември 2017 година на излез од Србија (ГП Прешево) од страна на српски полициски и царински службеници запрен е „мерцедес“ со белгиски регистарски ознаки, управуван од страна на Н.Д., по што тој почнал да бега, илегално ја преминал границата и влегол во земјата. По извршен преглед на возилото, пронајдени се два пакета наркотична дрога кокаин со вкупна маса од 440 грама и смеса за мешање (фанацетин и манитол) со вкупна маса од 1.330 грама. Паричните сретства за набавка на кокаинот по инструкции од Н.Д. се префрлени од страна на Е.А. (35) од Прилеп за лицето од Белгија.
Во рамките на вториот случај, пак, утврдено е дека Ј.И. (41) од Тетово набавил наркотична дрога марихуана, ја складирал на територија на Косово, по што заедно со А.М. (53) од Тетово ја сместил во камион. Притоа Ј.И. го ангажирал И.И. (70) од Тетово да изврши транспорт на марихуана за одреден паричен надомест од Косово до Србија. На 20 декември 2017 година од страна на српската полиција во близина на Владичин Хан запрен е камион во кој во резервоарот биле пронајдени 131 пакување со марихуана. По извршено вештачење, утврдено е дека се работи за наркотична дрога марихуана со вкупна маса од 128 килограми и 670 грама.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Петгодишно дете исчезна во Сарај, МВР го најде по два часа
Петгодишно девојче исчезнало денес околу 16.20 часот во паркот Сарај.
Како што објави МВР, веднаш презеле мерки, па околу 18.15 часот детето било пронјадено.
Претходно, од полицијата информираа дека се трага по девојче со руса долга коса, облечено во розово фустанче и розови чевли
Црна хроника
Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје
Вчера во СВР Скопје било пријавено дека кај Клиника за психијатрија при Комплексот клиники „Мајка Тереза“, при изведување на градежни работи – вршење на ископ, била пронајдена коска, најверојатно човечка, на место каде порано имало гробишта.
Излезено било на местото на настанот од полициски службеници од СВР Скопје и известен бил јавен обвинител.
Црна хроника
Во куќарка на паркинг во Центар пронајдено починато лице
Во 06.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Центар, во куќарка на паркинг, додека бил на неговото работно место, бил пронајден починат Д.С.(63) од Скопје.
Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт без видливи траги на насилство.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција.