Црна хроника
Фатени 49 мигранти во Струмичко

Денеска (14.7.2022) во близина на село Доброшинци, Струмичко, полициски службеници од СВР Струмица и Регионалниот центар за гранични работи Исток, пронашле 49 лица мигранти, од кои 47 од Пакистан, 1 од Сирија и 1 од Индија.
Мигрантите биле пренесени во Прифатно-транзитниот центар „Винојуг“ во Гевгелија.
Се работи на расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Дете нападнато на автобуска станица во Центар од четири лица

А.К.(44) од Скопје пријавила дека на 26 април околу 22.20 на автобуска постојка на подрачјето на Центар, нејзиниот 14-годишен син бил физички нападнат од четири лица, кои ги познавал.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
МВР трага по осумгодишно момче кое исчезнало во Скопје

Осумгодишниот А.Џ., кој имал здравствени проблеми се оддалечил од местото каде што престокувал со својот татко.
За случајот, полицијата во Карпош ја алармирал родителот на момчето.
Од МВР велат дека преземаат мерки за пронаоѓање на детето.
Полицијата трага и по две девојчиња на возраст од 11 и 14 години, кои исчезнаа во Скопје.
Црна хроника
Исчезнаа две девојчиња од Скопје на возраст од 11 и 14 години, случајот пријавен во МВР

Две девојчиња на возраст од 11 и 14 години исчезнаа во Скопје.
Случајот бил пријавен денес во полицијата во Шуто Оризари, од страна на родителите на девојчињата, објави МВР во дневниот полициски билтен.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.