Црна хроника
Фатен бегалец од затвор, спроведен во „Идризово“

На 26.4.2023, околу 15.15 часот, на улицата Никола Парапунов во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар, го привеле 29-годишниот З. И. од гостиварско Дебреше. Тој бил осуден на казна затвор од три години за сторени кривични дела по член 235 и член 236 од Кривичниот законик, а бил баран по потерница врз основа на судска наредба за доиздржување затворска казна од една година и девет месеци.
Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа „Затвор Идризово“ за доиздржување на казната.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
На малолетници во кафуле во Охрид им бил точен алкохол, полицијата ќе поднесе кривични

Вчера, при контрола извршена во угостителски објект лоциран на булеварот „Туристичка“ во Охрид, полициските службеници констатирале дека Ж.Ј.(64) од Охрид, управител на објектот и М.Ц.(33) одговорното лице во објектот, од охридското село Велгошти, на 16 малолетници им овозможиле користење алкохолни пијалоци.
По целосно документирање на настанот, против нив ќе бидат поднесени пријави за сторено кривично дело „Точење алкохолни пијалоци на малолетни деца“, согласно чл.204 од Кривичниот законик.
Црна хроника
Случајни минувачи на кеј „Македонија“ во Охридското езеро забележале неексплодирана бомба

Вчера во 11,05 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, случајни минувачи на кеј „Македонија“ во водите на Охридското езеро, забележале неексплодирана бомба.
Местото е обезбедено од полициски службеници а овластен претставник на Дирекција за заштита и спасување, безбедно ја подигнал по што е пренесена за натамошна постапка.
Црна хроника
Уапсен прилепчанец: бил баран по потерница за издржување казна затвор

Вчера во 20.15 часот на улицата „Мице Козар“ во Прилеп полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода 33-годишниот Н.А. од Прилеп, кој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на казна затвор од 16 месеци.
Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Битола за издржувањена казната.